МАКЕДОНИЈА Политика

Љубчо Георгиевски во Софија се сретна со Захариева

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски се сретна со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

Георгиевски пристигна во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји.

-Јас и мојот тим денеска остваривме плодна средба со нашиот пријател од Република Северна Македонија и нејзиниот премиер од 1998 до 2002 година Лубчо Георгиевски- напиша Захариева на Фејсбук.

Посетата, како што пренесе бугарската агенција БГНЕС се реализира откако тој неодамна имал разговор со премиерот Зоран Заев.

Георгиевски смета дека Софија не разбира што значи македонски претседател или премиер да објави дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија. Љубчо Георгиевски повеќепати ја потенцираше позитивната улога на претседателот Стево Пендаровски и, особено, на премиерот Зоран Заев, кои се за приближување кон Бугарија, која тие ја опишаа како пријателска земја, пренесе БГНЕС.

 

С екипа ми имахме ползотворна среща днес с нашия приятел от Република Северна Македония и неин премиер (1998-2002 г.) Любчо Георгиевски.

Gepostet von Екатерина Захариева am Donnerstag, 22. Oktober 2020

Поврзани вести

МЗ: Починаа три лица, утврдени 25 новозаболени од Ковид-19

Берта Китинска

Марковиќ: Самиот Совет за безбедност не може да прогласи кризна состојба

Никола Поповски

Од почетокот на годинава скопските пожарникари изгаснале 28 огнови на отворено

Александар Петровски

Смаиловиќ за Апасиев: Јас подржувам слобода на говор, но омалуважување и закани НЕ

Берта Китинска

Во прекин сообраќајот кон граничниот премин Пелинце поради одрони на патот

Во маркетите се пуштаат по петмина, другите надвор во ред (ФОТО)