МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Строго ги демантирам дезинформациите дека тестирањето за коронавирус сум го направила пред вчерашната теренска посета во Куманово

Строго ги демантирам дезинформациите кои излегоа во јавност дека тестирањето за коронавирус сум го направила пред вчерашната теренска посета во Куманово, истакна директорката на УЈП Сања Лукаревска.

„Резултатите од епидемиолошката анкета од другарот Мухамед ги добивме вчера вечер (недела, 31 мај), по што бев тестирана пред 20:00 часот. Од моментот кога ме контактираа епидемиолозите не сум го напуштила својот дом. Притоа, во текот на денешниот ден ги очекувавме и резултатите од моите родители, кои денеска дознавме дека се негативни. Грижата за нив, како повозрасни лица кои се во ризична група е стрес кој секоја ќерка го чувствува за своите родители.

Исто така сакам да истакнам дека во секој момент од посетата во Куманово ги почитував сите заштитни мерки.
Сакам едно нешто да биде јасно – прво како човек, а потоа како јавен функционер никогаш на никој не би го загрозила јавното здравје.

Апелирам до секој добронамерен граѓанин, да не правиме сензационализам од состојбата на нечие човечко здравје. Независно од сѐ, луѓе сме пред сѐ. Се надевам дека мојата ситуација ќе биде поука за понатаму. Ширење паника и дезинформации, особено во време на криза, е опасно и основа за стигматизација во едно општество.
Вирусот е тука, сите може да бидеме изложени. Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себе и сите околу нас. Најважно од сѐ – да кажуваме точни и навремени информации, да бидеме искрени со лекарите затоа што тоа е најголемиот акт на општествена одговорност. Коронаворусот е тука, со него ќе живееме долго време. Да си помагаме, да се поддржуваме, заедно ќе надминеме“, посочи Лукаревска.

Поврзани вести

Јовановски на носилка изнесен од Обвинителството

user3

Судењето на обвинетиот Панчевски продолжува утре

Скопјани избегаа од карантин и го наполнија Охрид

Александар Петровски

Филипче: Во очекување сме на став од Грција за тоа како ќе се минуваат границите

Шкријељ со фотографија ја демантираше Мизрахи дека имало само една табла во МТСП

Александар Тодески

Рускоска: Новите „бомби“ ги пуштивме на затворено рочиште на „Рекет

Александар Петровски