Интервју МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Уцените, заканите, заплашувањата се минато и секоја реформа во УЈП е доказ дека градиме партнерски однос со даночните обврзници

Уцените, заканите, заплашувањата се минато и секоја реформа, услуга, мерка којашто ја спроведува и нуди Управата за јавни приходи, е доказ дека во изминатиов период градиме партнерски однос со даночните обврзници и целосно сме ставени на нивна услуга, вели директорката на УЈП, Сања Лукаревска во интервју за Стандард.

За случајот „Рекет“ таа вели дека од наодите на Управата произлегле 3 кривични пријави, од кои едната, за „Томато продукција“, е веќе доставена во Јавното обвинителство, а деновиве ќе биде доставена и кривичната пријава за „БМЈ Груп“, а во тек и завршување на изготвувањето на кривичната пријава и за Меѓународниот Сојуз.

За обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека „МојДДВ“ е една од низата на популистички мерки на оваа Влада без ефект за граѓаните, таа вели дека тоа е популарна мерка, прифатена од народот и граѓаните веќе ја имаат како дел од нивното секојдневие, апликација со која се дружат, придонесуваат за намалување на сивата економија и добиваат пари назад како поврат од платениот ДДВ и веќе ги чувствуваат придобивките.

– Граѓаните се повеќе имаат доверба во оваа мерка и освен парите кои ги добиваат на нивната трансакциска сметка, свесни се и за нивниот придонес за намалување на сивата економија и тоа го знаат и тие кои неосновано критикуваат, вели директорката на УЈП.

За престојните избори, Лукаревска искрено верува дека граѓаните ги препознаваат искрените заложби и напори на Владата со цел да се обезбеди подобар живот за сите, во една напредна европска земја.

Повеќе од 2 години сте на чело на Управата за јавни приходи, а неодамна изјавивте дека во изминатиов период сте биле соочени со решавање на низа проблеми и недостатоци како резултат од лошото работење на минатата власт. „УЈП беше синоним за репресија, уцени, закани и беше во служба на ВМРО-ДПМНЕ за пресметување со неистомислениците“, велите во еден од вашите пресови. Колку тоа е променето денес?

-Истовремено со воведување и реализација на значајни проекти коишто се од исклучителна важност за подобри услуги за даночните обврзници, целосно се посветивме и на коренити промени во начинот работа, стопирање на непрофесионалното работење и следејќи ги законските одредби решавање и на случаи за кои постоеше сомневање за злоупотреби на службениците позиции.

Искрено верувам дека граѓаните ги препознаваат искрените заложби и напори на Владата со цел да се обезбеди подобар живот за сите, во напредна европска земја.

Затекнавме „листи“ на фаворизирани фирми, фирми кои и покрај сите исполнети услови чекале долго да добијат поврат. Во функција ги применуваме сите други механизми како што се опомена, едукација и сл, пред да се изрече најстрогата казна, така што жолтите ленти „затворено од УЈП“ речиси и да ги нема. Уцените, заканите, заплашувањата се минато, тоа го тврдам, и секоја реформа, услуга, мерка којашто ја спроведува и нуди Управата за јавни приходи, е доказ дека во изминатиов период градиме партнерски однос со даночните обврзници и целосно сме ставени на нивна услуга.

Случајот „Рекет“, кој ја бранува јавноста веќе подолг период, влегува во нова фаза, откако обвинителката Вилма Рускоска објави дека се подготвува ново обвинение за инволвираните. Кривични пријави против „Меѓународниот сојуз“, „Томато продукција“ и „БМЈ груп“ веќе најавивте. До каде оди истрагата за фирмите поврзани со осомничените и дали е проширена истрагата за други видови на злоупотреби на првоосмничениот Бојан Јовановски?

-Уште на почетокот на контролите, проверувајќи го даночното поведение на обврзниците кои ги спомнувате, утврдивме дека постои основа за проширување на истрагата по што нашите инспектори ги проверуваат деловните односи со физички и други лица потпишани со дел од овие субјекти. Од нашите наоди произлегоа 3 кривични пријави, од кои една, за „Томато продукција“ е веќе доставена во Јавното обвинителство, а деновиве ќе биде доставена и кривичната пријава за „БМЈ Груп“, а во тек и завршување на изготвувањето на кривичната пријава и за Меѓународниот Сојуз.

Во текот на целата постапка работиме транспарентно и во соработка со сите сродни институции кои ја испитуваат работата на овие даночни обврзници.

Владата од 1 декември 2019 година ја покачи минималната плата на 14.500 денари. Имате ли информации дали се спроведува мерката од работодавците и се зголемија ли пријавите од работници за злоупотреби? Има ли надеж да видиме конечно крај на праксата „пари во плико“?

-Ова е уште една од мерките каде се забележуваат успешни резултати. Согласно Законот за минимална плата, од декември ниту еден работник не смее да земе плата пониска од 14.500 денари, што значи дека платите се зголемени за две илјади денари. Ако септември 2019 година, во прагот од 14.500 денари плата се регистрирани 1.305 работници, веќе во декември таа бројка е зголемена на дури 44 илјади работници.

Според податоците, во прагот од 14.501 денари до 16.500 денари плата во септември имало 51.263 работници, а во декември веќе имаме 92 363 работници кои земаат плата во овој ранг и токму овие податоци ја покажуваат успешноста на мерката.

Ние како Управа за јавни приходи сме во одлична соработка со Државниот инспекторат за труд (ДИТ), кои и ја имаат надлежноста по ова прашање. Но, секако дека има граѓани кои вакви нерегуларности пријавуваат и во Управата за јавни приходи кои ние потоа ги проследуваме до Инспекцискиот совет, а оттаму и во ДИТ. Спроведуваме и заеднички контроли согласно прекршувањата за кои стигнале пријави и се со цел како што велите да се стави крај на праксата „плико во рака“.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека „МојДДВ“ е една од низата на популистички мерки на оваа Влада без ефект за граѓаните. Дали „МојДДВ“ ги даде очекуваните резултати и помогна ли барем малку во сузбивањето на сивата економија?

-„МојДДВ“ е популарна мерка, прифатена од народот и граѓаните веќе ја имаат како дел од нивното секојдневие, апликација со која се дружат, придонесуваат за намалување на сивата економија и добиваат пари назад како поврат од платениот ДДВ и веќе ги чувствуваат придобивките. Уште со првата исплата којашто започна во декември за првото тримесечје (јули, август и септември), кога само до крајот на 2019 околу 150 илјади граѓани добија поврат, бројот на корисници на „МојДДВ“ продолжи рапидно да се зголемува.

За само 2,5 години, Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ ги отвори целосно вратите кон ЕУ и НАТO. Ние стануваме 30 земја членка на НАТО, со што го гарантираме територијалниот интегритет на земјата, ги отстрануваме ризиците од конфликти и промена на границите стануваме стабилна земја.

Граѓаните се повеќе имаат доверба во оваа мерка и освен парите кои ги добиваат на нивната трансакциска сметка, свесни се и за нивниот придонес за намалување на сивата економија и тоа го знаат и тие кои неосновано критикуваат. И ова не се само празни зборови, туку тоа го потврдуваат и фактите. Така што, во 2019 година значајна е наплатата по основ на ДДВ, реализирана со остварен приход од 52 милијарди денари. Овој износ е повисок за 5,7% во однос на остварениот во 2018 година во износ од 49 милијарди денари.

По воведувањето на МојДДВ наплата на ДДВ споредена во месеците јули-декември 2019 и 2018 година покажува зголемување во просек за 11,2%. Денес МојДДВ има 231.571 корисник на апликацијата, од јули 2019 до 224.01.2020 скенирани се 63.213.496 фискални сметки, остварен е промет од 2.818.023.243 денари со вкупен ДДВ во износ од 3.353.280.114 денари и 15 % поврат од 502.992.017 денари или 8 милиони и 179 илјади евра пари назад кај граѓаните.

Задоволна ли сте од резултатите од спроведувањето на мерката за субвенционирање на придонеси за раст на плати? Дали бројката од 8.000 фирми, кои ја користат мерката, ги исполни вашите очекувањата?

-Согласно Законот за субвенционирање на придонес , со кој работодавачите се ослободени од плаќање на придонес за делот на покачена плата од 600 до 6.000 денари и наместо нив ги уплаќа државата, за месец декември покачена плата земаа околу 110 илјади работници, а просечното покачување изнесува околу 3500 денари во нето износ. Резултатите се евидентни. Работодавачите се заинтересирани да ја користат мерката, а работниците задоволни што добиваат повисока плата.

Мора да истакнам дека оваа мерка не е обврзувачка, односно може да ја користат и големи, мали и средни препријатија. Токму затоа ние како Управа за јавни приходи, институција каде се поднесуваат барањата, креиравме едноставен и брз начин на аплицирање за користење на мерката.

Од нашите наоди произлегоа 3 кривични пријави, од кои една, за „Томато продукција“ е веќе доставена во Јавното обвинителство, а деновиве ќе биде доставена и кривичната пријава за „БМЈ Груп“, а во тек и завршување на изготвувањето на кривичната пријава и за Меѓународниот Сојуз.

Во МПИН пресметката од страна на работодавачот, се означува вработеното лице за кое се бара субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, со внесување на шифра во полето од клиентскиот софтвер по што се издава Декларацијата за прием, во која за лицата за кои е одобрено субвенционирање на придонесите автоматски се намалува на пресметаниот износ на обврската за социјални придонеси. Токму поради лесниот начин на користење и бенефитите кои ги дава оваа мерка, очекуваме бројот на корисници да расте.

„МојДДВ“ е пример за земјите од регионот кои веќе покажаа интерес да го воведат во звоите земји, за што недоамна имавме и посета од даночната администрација на Република Албанија.

Што следи во 2020 година на поле на реформи во УЈП?

– Во 2020 година продолжуваме да ги довршиме и да ги реализираме започнатите проекти. Вистински предизвик за целиот тим е дигитализирањето на речиси сите процеси во Управата.

Очекуваме 100 % примена на модулот за автоматски поврат кај фирмите којшто обезбедува целосна објективност во попстапката и човечкиот фактор е целосно изземен, како и на „risk evoluation“ системот којшто преку прецизна пресметка, ги посочува најризичните даночни обврзници за контрола, со што се придонесува и за целосно професионално работење.

Секако дека како најголем предизвик и натаму е намалувањето на даночната евазија за што соработуваме и со даночните администрации од регионот.

Вашите очекувања за претстојните избори? Направи ли доволно актуелната Влада за да ја добие повторно довербата за уште еден мандат? Сметате ли дека обичниот граѓанин чуствува некаква промена?

-За само 2,5 години, Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ ги отвори целосно вратите кон ЕУ и НАТО. Ние стануваме 30 земја членка на НАТО, со што го гарантираме територијалниот интегритет на земјата, ги отстрануваме ризиците од конфликти и промена на границите стануваме стабилна земја. За овој краток период станавме земја со признаен народ – Македонци и признат јазик – македонски од соседот со којшто водевме деценски спор за името. Ги затворивме прашањата и со сите други соседи. Нашата земја почна да создава пријатели кои и се сојузници и и помагаат, наместо непријатели кои ја блокираа на патот кој ЕУ и НАТО.

Затекнавме „листи“ на фаворизирани фирми, фирми кои и покрај сите исполнети услови чекале долго да добијат поврат. Во функција ги применуваме сите други механизми како што се опомена, едукација си сл, пред да се изрече најстрогата казна, така што жолтите ленти „затворено од УЈП“ речиси и да ги нема.

Истовремено, на што сум посебно горда, сите сили беа насочени кон обезбедување подобар живот за граѓаните од сите категории преку повеќе финансии. Покрај мерките за кои веќе одговорив, ќе ги спомнам и историски најниската невработеност од 17.1 %, 20 % зголеми плати во клучните сектори, 43 инвестиции во градинки, 60 % зголемена минималната плата, 300 % во просек зголемена социјална помош, 700 денари месечно повеќе за секој пензионер, 2.370 денари зголемена просечна плата, 3.000 денари месечно младински додаток, 16.600 земјоделци добија поврат на персонален данок, 27.000 приматели на детски додаток, 51.166 земјоделци добија зелена нафтаукинување на квотите за лекови во аптеките…и многу други.

Искрено верувам дека граѓаните ги препознаваат искрените заложби и напори на Владата со цел да се обезбеди подобар живот за сите, во напредна европска земја.

В.З.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Фајон: Франција ја донесе одлуката за недоделување датум за преговори со С. Македонија и Албанија, не ЕУ

Хронично болните и оние на продолжено породилно, од 23 септември се враќаат на работа

Берта Китинска

Ахмети: Честитки драги граѓани, НАТО бидна!

Прилеп одбележа 19 години од загинувањето на 10-те бранители кај Карпалак

Влатко Зорба

Талат Џафери ќе сведочи на судењето за организаторите на 27 април

Александар Петровски

Спасовски: Слободата на медиумите и на изразувањето останува константа и суштинска потреба и во време на вонредната состојба