МАКЕДОНИЈА

Македонскиот полициски синдикат оствари работни средби со раководството на МВР

На барање од Македонскиот полициски сидикат денес, 20.12.2020 година, Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар Киро Трајковски остварија два одделни работни состаноци од кои еден со Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев и другиот со дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Средбите беа иницирани од страна на Македонскиот полициски синдикат а како причина ја наведуваме актуелната состојба во Министерството за внатрешни работи на секојдневно издавање наредби и решенија за работа од страна на Министерот за внатрешни работи и нивно поништување од страна на Владата на Република Северна Македонија со што сите вработени во Министерството се доведени во една конфузна и збунувачка состојба што им преставува сериозна пречка за нормално извршување на редовните работни задачи и реализација на правата од работен однос.

Од страна на раководството на МПС на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска им беше пренесен ставот на Македонскиот полициски синдикат дека највисоката цел на МПС е заштита на правата од работен однос на вработените, истовремено грижејќи се и за угледот на Министерството за внатрешни работи и интегритетот на полициските службеници, поради што како единствен репрезентативен синдикат во МВР и организација во која членуваат со над 8500 членови чуствуваме и морална одговорност да укажеме на погопренавените состојби и потребата од нивно итно надминување.

Од таа причина, а се со цел хитно надминување на актуелната состојба во Министерството ние како Македонски полициски синдикат ПРЕДЛОЖИВМЕ во текот на утрешниот ден во наше присуство и наша МЕДИЈАЦИЈА да се одржи состанок за што искрено сме благодарни и на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев и на дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска за прифаќањето на нашата иницијатива. Се надеваме дека на утрешниот состанок преку конструктивен дијалог ќе се надминат недоразбирањата и ќе се реши состојбата на општо задовослтво и за доброто на сите вработени во Минситерството за Внатрешни работи.

Поврзани вести

ПОЗИТИВА НА ДЕНОТ: „Седи дома, да не фатиш корона“

Во февруари ќе бидат исплатени 3,8 милиони евра од поврат на ДДВ

Влатко Зорба

Милошоски утре ќе се сретне со Рускоска, ќе и го достави разговорот што го објави на собраниска комисија

Александар Тодески

Владата со законски измени и правилници за барањата на родителите на деца со попреченост

Ивана Рамаданова

Времето денеска, променливо со умерен ветер

Фајненшл Тајмс: Ако се промени власта во Северна Македонија, следуваат црни денови

Александар Тодески