МАКЕДОНИЈА

Макрон ќе ги посети Скопје и Тирана следниот месец

Претседателот на Франција, Емануел Макрон ќе ги посети Северна Македонија и Албанија нареден месец, пишуваат албанските медиуми. Според нив, Макрон сака да покаже дека не е против двете држави, но и дека ќе им помогне да ја постигнат целта, влез во Европската Унија.

Дипломатски извори на порталот Егзит.ал велат дека се уште нема детали за посетата, бидејќи Макрон одлуката ја донел неодамна.

Инаку, францускиот претседател ја најави посетата на прес конференцијата на која образложуваше зошто го блокирал почетокот на преговорите со Скопје и Тирана. Макрон тогаш кажа дека со македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама ќе разговара за реформите и чекорите кои двете земји треба да ги преземат.

Поврзани вести

ДИК: СДСМ 327 329, ВМРО-ДПМНЕ 315 344 гласови

Во Драчево се гради нова енергетски ефикасна градинка во која ќе се згрижат 125 деца

Берта Китинска

Хелсиншки комитет регистрирале исплати на К-15 од 1.000, 500 и 100 денари

Влатко Зорба

МЗ: Разговорите продолжуваат за да се изнајде најдобро решение за одвивање на наставата

Берта Китинска

Царовска и Шкријељ во Крива Паланка: 722 денари повеќе за секој пензионер, пензиите продолжуваат да растат

Viktor Jovanov

Скопје: 12 повредени во девет од вкупно 17 сообраќајки

Ивана Рамаданова