МАКЕДОНИЈА

МАН бара претседателот на СДСМ веднаш да им се извини на новинарите и уредниците

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро го осудува јавниот настап на претседателот на СДСМ, кој на прес конференција етикетираше новинари со што повторно се обиде да изврши притисок врз медиумите кои не се под контрола на власта, наведуваат во реакцијата од МАН.

МАН бара претседателот на СДСМ веднаш да им се извини на новинарите и уредниците кои вчера беа предмет на притисок и етикетирања.

Имено на вчерашната прес-конференција од Собранието, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, влезе во нов конфликт со новинарите, овојпат со Фуркан Салиу од ТВ Клан, нарекувајќи го неговиот медиум – контравладин.

По ова, новинарот Салиу возврати дека не е во ред на прес-конференција да се етикетираат медиумите како провладини или како контравладини, а Заев, пак, му одговори дека има целосно право да ја номинира и да ја нотира политичката целосна определба на медиумот.

-Доколку претседателот на СДСМ не се извини, МАН ќе ја стави на разгледување иницијативата поднесена од членовите за 30 дневен бојкот на активностите на Зоран Заев. Истовремено, да потсетиме дека во времето на владеењето на СДСМ, што е хибриден режим според класификацијата на Фридом хаус и Економист, политичкиот притисок врз независните новинари се одвива преку правосудните органи. Па така, досега донесени се две осудителни пресуди по обвиненија за новинари, покренати се 5 кривични обвиненија, има триесетина граѓански пријави и закани за правосуден прогон од СДСМ и функционери на партијата, сменети се 4 главни уредници на приватни медиуми по нарачка од власта, а членови и симпатизери на СДСМ, вршат и закани за физичко насилство врз независните новинари и медиуми- стои во реакцијата на МАН.

Сите овие примери во изминатите години, потенцираат оттаму, придонесоа да се покачи просекот на неслобода на медиумите, а заедно со годинава, изнесува 61% правосуден притисок.

-Да потсетиме европскиот просек  се уште е околу 23%. За овие, како и за сите други притисоци врз медиумите и новинарите, МАН редовно ги известува ЕФЈ и ИФЈ, како и странските преставници во земјава- стои во реакцијата на Македонска асоцијација на новинари.

Поврзани вести

Македонија ќе добие 200 респираторни машини од Кина

Апасиев: Си игравме дрндупки со ДИК, системот не функционира

Дуџак: Зголемениот број заразени со Ковид-19 е огромно предупредување, и натаму треба да бидеме внимателни

Опожарени три возила во Чаир

Viktor Jovanov

МПС: МВР итно да подели заштитни маски и гумени ракавици на припадниците на полицијата

Владата вечерва ќе одржи седница