МАКЕДОНИЈА Политика

Манчевски: Ние веќе имаме предизборна програма, ќе беше полесно да се прави споредба доколку тоа го имаше направено и ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски во гостувањето во „Само Вистина“ на ТВ Канал 5 истакна дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, нивната партија веќе има предизборна програма која е претставена на граѓаните.

-Ние во екот на подготовките за одложените парламентарни избори ја промовиравме предизборна програмата така што многу конкретно ги претставивме сите проекти кои планираме да ги реализираме во следниот 4 годишен мандат. Ќе беше полесно да се прави некаква споредба доколку тоа го имаше направено и ВМРО-ДПМНЕ, да ја видевме која е нивната понуда, граѓаните да ја видат и да направат лесна споредба за што се работи врз основа на конкретни проекти. Таа програма беше правена во едно друго време кога немаше криза со Ковид-19, меѓутоа сега очекувано главниот акцент ќе биде ставена на сите оние мерки на здравјето на граѓаните и на економијата. Тука се ставени нашите главни адути или предлози, тие се дополнителни. Ние веќе имаме два сета на економски мерки кои веќе се имплементираат за помош и на граѓаните и на компаниите, но веќе денеска се најави и третиот сет на мерки кој во зависност од тоа кога ќе се одвиваат изборите ќе видиме кога ќе биде неговата имплементација, може дел од тие мерки ќе биде во предизборие, а дел за после. Се работи за сериозна поддршка и на граѓаните и на економијата во вредност од вкупно 550 милиони евра. Ова се сериозни средства и како што викавме претходно парите одат кај граѓаните. Во однос на другите проблеми тоа се отворањето на работни места, но и зголемување на платите, тоа е наша политика, веќе докажана континуирано работиме на раст на платите и во јавниот и во приватниот сектор. Следна голема тема е владеењето на правото, каде не испорачавме некои работи што ги очекуваа граѓаните од нас, меѓутоа факт е дека имаме поместување во позитивна насока, евидентирано во извештаите на европската комисија во однос на владеењето на правото, тоа е еден од критериумите зошто влеговме во НАТО и добивме почеток на преговори со ЕУ, но се согласувам дека треба уште многу повеќе да се направи и ние предложивме дека треба да имаме проветрување во судството, дека сите судии треба да се проверат дали нивната имотна состојба со приходите кои ги имале по разни основи во нивната кариера. Исто значајно за гласачите за изборната единица 1 е заштита на животната стредина, тука имавме конкретни мерки и предлози кои беа блокирани заради предвремените избори. рече Манчевски.

Манчевски смета дека треба да ја искористиме можноста што ни се укажува и да спроведеме избори во јуни, бидејќи реално е вирусот да го има и во декември.

-Ако не се случат изборите во јуни или јули треба да се случат во октомври ноември или декември. Ние имаме мандат како пратеници до декември. Затоа ако не се спроведат избори во претстојниве месеци, а здравствените експерти дозволат за тоа, да бидеме реални вирусот ќе го има и во декември, според сите светски епидемиолози повторно ќе се врати како пик. Треба да ја искористиме можноста што ни се укажува, рече потпретседателот на СДСМ.

Поврзани вести

Два земјотреса утрово го стресоа Штип

Трибина за аерозагадувањето во Скопје

Maja_Serafimova

Идната недела медицински тимови од Шведска и од Словенија во државава, најавена помош и од Германија

Филипче: Не е точно дека сите хронично болни се враќаат на работа

Влатко Зорба

Манчевски: По електронски пат може да се земат најчесто бараните документи и да се консултираат институциите

Јавниот превоз денеска ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени