МАКЕДОНИЈА

Манчевски: Системот за електронски здравствени картички не функционира и ќе се укинува

Системот за електронски здравствени картички не функционира и ќе се укинува, а граѓаните ќе имаат унифицирана можност за ваква идентификација користејќи ја технологијата, истакна министерот Дамјан Манчевски на јавната трибина за дигитализација во Тетово. Исто така се очекува и електронска координација на институциите со цел да не се земаат два пати исти податоци од граѓаните.

-Технологија е отидена напред за да има легален и сигурен начин преку мобилни уреди да се чуваат податоци, за да нема посебни пластики за лични карти или здравствена легитимација. Одиме на интеграција на документи. Преку мобилни уреди тоа е можно само треба да се адаптира системот. Сметам дека ќе станеме и водечка земја во Европа, рече Манчевски.

Од постоечките 1500 услуги, 800 се веќе достапни на услуги.гов.мк. Остатокот се очекува да се додадат во наредните месеци.

-Сакаме да стасаме до идеална состојба, сите институции да се приклучат кон Централен регистар на население (ЦРН), а тоа ќе трае одреден временски период и ќе треба да ги изменат процесите.  Пример со ЦРН нема потреба повеќе да се бара извод на матична книга на родени од ниедна институција затоа што по автоматизам може институцијата што бара да ги добие од ЦРН. Таму на секои 12 часа се синхронизираат податоци на сите институциите и тие се униформни и немаме различни информации, рече Манчевски.

И приватните компании, како банките и осигутелните компании ќе имаат можност да добиваат дигитални податоци со цел олеснување на административните работи.

-Токму ова е целта на Централниот регистар на население и ние создадовме и законски услови и приватните компани да ги користат податоци од регистарот. Првите од заинтерсирани се банки осигурителни компании и телеком оператори. Завршуваме подзаконски акти и правилници. Тоа се технички услови со кои тие ќе можат да се приклучат на централен регистар на население а притоа граѓаните да бидат сигурни дека нивните податоци се безбедни. Во рок од не повеќе од два месеца ќе бидат точно пропишани условите и приватните компании ќе се приклучат на централен регистар на население, рече Манчевски.

Поврзани вести

Макрадули не бара алиби за загадувањето

Христина Николовска

Владата дозволи шетање миленици за време на полицискиот час за викенд

Средба на Спасовски со чешкиот амбасадор Томан

Никола Поповски

И општина Центар поднела кривична за катната на „Никофон“

ИВЗ донесе мерки што треба да се спроведат во секоја џамија по отворањето

Одредена мерка одземање на имот заради обезбедување за плацевите на Водно

Берта Китинска