МАКЕДОНИЈА Политика

Манчевски: Според меѓународните финансиски институции ќе имаме најмал пад на економијата во регионот

Според прогнозите на меѓународните финансиски институции, по кризата со коронавирусот, БДП ќе забележи најмал пад во нашата земја, од земјите од регионот, од одвај 3 проценти, што се должи пред се на мерките што ги презеде оваа влада за ублажување на импактот од кризата, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Тој додаде дека СДСМ покажа дека може, кога ја наследи економијата од ВМРО-ДПМНЕ со пад од 1,8 отсто и по 2,5 години имавме раст од 3,6 проценти.

Социјалдемократска мерка е дека им помогнавме на фирмите и на работниците со 14.500 денари плата, им помагаме на компаниите со бескаматни кредити, социјалдемократска мерка е дека ги укинавме извршителите, ги одложивме ратите на кредитите, со дополнителни финансиски средства ја зголемуваме куповната моќ на граѓаните и ги помагаме домашните производи, домашниот туризам, нагласи Манчевски.

Потпретседателот Манчевски рече дека опозицијата е контрадикторна, од една страна бара да не се задолжуваме, а од друга страна бара да имаме повеќе пари и критикува дека мерките не се доволни.

Од ВМРО-ДПМНЕ зборувате како да се наоѓате во некоја чудесна земја, а заборавате дека светот се соочува со рекордна рецесија, најголема по втората светска војна и голема безработица и ние не сме имуни на тоа, но според меѓународните финансиски институции ќе имаме најмал пад на економијата во регионот, порача Манчевски.

Поврзани вести

Светска ТВ-премиера на „Врба“ на МТВ1 на 29 март

Влатко Зорба

СДСМ: Милошоски да се соочи со одговорноста и да не бега од судските доставувачи

Влатко Зорба

Пендаровски до вработените на Инфективна: Издржете одговорно и професионално во оваа битка, сите сме со вас

Берта Китинска

Брнс го призна значителниот напредок на земјава во изминативе 3 години

Влатко Зорба

Бучковски: Руските инсталации во Бугарија се виновни за проблемите меѓу Софија и Скопје

Никола Поповски

Османи: Разликите по прашањето за Гоце Делчев се во нијанси помеѓу двете комисии

Никола Поповски