МАКЕДОНИЈА

Манчевски: Во ниту еден извештај на ОБСЕ откако сум министер нема забелешка за притисок врз администрацијата

На почетокот на секоја година безразлика дали има избори или не, има зголемен број на огласи за вработување бидејќи е таква праксата, така функционира буџетот во однос на луѓето кои се на определено работно време. Системски притисок врз вработените нема, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

-Ниту еден од извештаите на ОБСЕ/ОДИХР нема евидентирано политички притисок врз вработените во администрацијата да излезат или не на гласање. Ова не беше случај порано, во сите извештаи направени за време на претходната влада стои злоупотреба на администрацијата во изборни цели, вели Манчевски.

Тој додава дека во последните години драстично е променета атмосферата во јавниот сектор, тврди дека нема масовни притисоци пред изборите.

-Откако јас сум министер воведовме онлајн алатка за анонимно пријавување на притисок на работно место. До сега има многу мал број на поплаки, бројот е едноцифрен. Добро е тоа што сега со техничката влада има можност за двојна контрола. Апелирам и до опозицијата и заменичката министерка да ја промовираат алатката со цел тотално искоренување на притисокот врз административците пред избори, вели Манчевски.

Поврзани вести

Објавена листата на најмоќни пасоши во светот: Македонскиот е пред американскиот

Никола Поповски

Познато колку ќе изнесува исплатата за К-15 оваа година

Здружението „Борка“ ќе организира дигитална трка за подигнување на свеста за ракот на дојка

Александар Петровски

Костадинов: Лажно и лицемерно е тврдењето на Мицкоски дека е за наводно подобрено решение на Законот за ЈО (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Филипче: Комисијата е за онлајн-настава, освен за првачињата

Берта Китинска

Отворена донаторска сметка за двегодишната Анастасија која има потреба од итна операција во Турција

Влатко Зорба