МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Со новата методологија на ЕУ нема да има одложување

Новата методологија нуди поголема предвидливост и подобар систем на заслуги, од тоа највеќе сме страдале како држава до сега при преговорите за ЕУ. Се случувало сите барања да ги исполниме, а да не бидеме примени. Со новата методологија нема повеќе одлагање. По решавањето на билателарните спорови треба да инсистираме на новата методологија за да нема одлагања, изјави советникот на експремиерот Зоран Заев.

-Балканот не е соседство на Европа, туку е внатре во ЕУ, дел кој треба да биде интегриран, ние сме опкружени со земји членки на ЕУ, вели Маричиќ.

Сепак тој смета дека и со новата методологија не се одговараат сите прашања и потребно е уште доста работа и ангажман за да се достигне нивото на европските земји.

-Нарушен е имиџот на ЕУ поради Западниот Балкан. Оваа стратегија сепак не ги одговара сите прашања. Една од грешките на Западниот Балкан е тоа што мислат дека треба да чекаат за да бидат примени, наместо сами да работат на тоа. Ни треба еден доверлив имиџ на земја која сама може да ги реши проблемите, ефикасно се бори против внатрешните проблеми, и дека може заедно да седите со нив и да ги споделувате и решавате проблемите на големите земји, вели Маричиќ.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ кон Заев: Избегнувањето на лидерското соочување е неодговорност кон граѓаните

Прес-конференција за четвртиот пакет економски мерки (ВО ЖИВО)

Александар Петровски

Јовановски кон судот: Здравствената состојба ми е лоша

Влатко Зорба

Ахмети: За ДУИ е прифатлив само Предлог-законот за ЈО кој беше усогласен синоќа

Александар Тодески

Шекеринска: Бевме секаде каде што имаше потреба од Армијата, истражувањата покажуваат дека таа ужива голема доверба кај граѓаните

Никола Поповски

Спасовски: Соработката на полициите на РСМ и Словенија на извонредно високо ниво

Ивана Рамаданова