МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Неблагодарно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за недоволно дипломатски активности

„Имавме многу мачни преговори околу Законот за СЈО, ВМРО-ДПМНЕ направи се за да истече законскиот рок и таа институција да биде во оваа ситуација, тоа е многу легитимно бидејќи половина или дел од нивната делегација беше директно засегната со случаите на СЈО, а другиот дел од делегацијата беа адвокати коишто ги застапуваат нивните луѓе во случаите од СЈО“, изјави техничкиот преговарач со ЕУ и претседател на комисијата за европски прашања на СДСМ, Бојан Маричиќ во Топ Тема на Телма ТВ.

Тој се осврна и на тоа дека неблагодарно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за недоволно дипломатски активности кога заради нив имаме неколкугодишен застој.

„Кога ја презедовме власта во 2017 година, ни требаа 6 месеци за да ја поправиме репутацијата на државата што ВМРО-ДПМНЕ ја наруши“, посочи Маричиќ и додаде дека СДСМ била на власт до 2006 година, а тогаш Северна Македонија била во група со Хрватска.

„Кандидатски статус добивме во 2005 година и потоа патот застана. Имавме речиси 11 години застој заради ВМРО-ДПМНЕ, еве нека е од 2009 година, значи 7 -8 години застој во коишто не престигнаа и Хрватска и Србија и Црна Гора, затоа сме денеска во групата со Албанија, нагласи Маричиќ.

Поврзани вести

Филипче: Стоматолошката клиника е отворена 24 часа

Stefanija Kuzmanovska

Караванот на СДСМ вечерва во Охрид

Влатко Зорба

Петровска: Чулев да објасни за 12.000 евра потрошени во Агенцијата за разузнавање за телефонски сметки на Ѓорге Иванов

Stefanija Kuzmanovska

Ќе се набавуваат делови за поправка на мерниот инструмент за ПМ 10 и ПМ 2.5 во Ѓорче Петров

Stefanija Kuzmanovska

Чулев: Одредени криминални структури ќе бидат искористени за вршење поткуп и притисок врз гласачите

Ресен е единствениот македонски град каде нема ниту еден заболен од Ковид 19