МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ го предложи Панчевски за Јавен обвинител, човекот кој зароби судството

Ние сметаме на сите политички партии и пратенички групи за законот за ЈО. Имаме ограничување до 12 февруари, очекуваме секој да биде на ниво на одговорноста. Врвен патриотски чин е да се гласа за законот за ЈО. Со овој закон ќе се обезбедни еден систем на независно јавно обвинителство. Време е да видиме дали може да смета на опозицијата за да имаме правна држава, изјави советникот на експремиерот Зоран Заев, Бојан Маричиќ.

-Времињата кога ВМРО-ДПМНЕ одредуваше што е уставно што не, завршија. Даштевски и Силјановска во Собранието на дебатата за законот за ЈО, предлагаа опозицијата да го бира јавниот обвинител, тоа е скроз легитимно бидејќи знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во опозиција, изјави Маричиќ.

Тој додава дека единствен предлог за Јавен обвинител на ВМРО-ДПМНЕ бил Владимир Панчевски.

-Тоа беше изјава на лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Панчевски е човекот кој го зароби судството, човекот кој го уништи АКМИС системот, тоа беше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Маричиќ.

Поврзани вести

Сопругата на Пендаровски Ѓоргиевска на Самит во Кенија: Јас немам моќ да ги менувам законите, но би можела да работам на подигање на свеста за проблемите.

Влатко Зорба

Јанева останува во куќен притвор

Камион истура градежен шут во Охридско езеро (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ССК: Баравме системски мерки за сите микро, мали и средни претпријатија, а не делумна помош во криза

Владината делегација во Лондон пред Состанокот на лидерите на НАТО се сретна со поранешни функционери на НАТО и ЕУ

Maja_Serafimova

Ангеловски: Личните карти и пасоши со истечен рок ќе важат до крајот на вонредната состојба

Берта Китинска