МАКЕДОНИЈА

Маршал Стјуарт Пич: Вооружените сили од Северна Македонија веќе се многу почитувани и ќе бидат подготвени да работат со другите НАТО-сојузници

Пропагандата не треба да се користи во борбата против пропагандата, историјата покажала дека тоа е мошне погрешен пристап, борбата против пропагандата се води со факти и со добро обучени луѓе во сите сфери, порачува воздухопловниот маршал Стјуарт Пич во ексклузивното интервју за МИА.

Во врска со очекувањата за зголемување на бројот на лажните вести пред претстојните избори кај нас, но и за тоа како членството во НАТО штити од овој феномен, Пич нагласува дека НАТО има стратегија, но факт е дека информативното опкружување претставува предизвик и има луѓе кои креираат алтернативни наративи, лажни наративи, кои фалсификуваат слики, и тоа се случува постојано.

Во интервјуто за МИА изрази задоволство од напредокот на Армијата и ја очекува земјава наскоро и официјално да стане 30. земја членка на НАТО.

– Ви благодарам за оваа можност и ми претставува голема чест и привилегија што сум тука, во Северна Македонија. Целта на мојата посета е да покажам солидарност со вашиот началник на Генералштабот и да му посакам добредојде во семејството на началници на генералштабови на 30-те сојузници. Целта е да разговараме со него, Генералштабот и министрите за подготвеноста во рамките на процесот. Со нетрпение ја очекуваме транзицијата од Северна Македонија како докажан партнер во полноправен сојузник. Како сојузник, вашиот началник на Генералштабот ќе работи заедно со другите началници во семејството на Воениот комитет, најстарото и највисокото постојано воено тело во рамките на Алијансата. Јас сум 32. претседавач на Воениот комитет и вашиот началник ќе стане дел од тој тим, откако ќе станете членка, и како во секое семејство, сите сме посилни заедно. Така што целта на посетата може да се сумира во еден збор – солидарност.

– Над 4.000 членови на вооружените сили од Северна Македонија служеле во операции во текот на патот до членство и им се заблагодарувам на сите нив за тоа. Секако, тоа ни овозможи да го увидиме професионализмот на вашите вооружени сили и тоа е едно моќно признание. Тие се распоредени низ целиот свет, вклучително и во Авганистан. Тоа ни дава причина да го почитуваме нивниот професионализам. Сега Армијата на Северна Македонија го почна патот на трансформација, што го поздравуваме и го поддржуваме. Тоа го разговаравме утрово со началникот и со Генералштабот. Тој пат е многу важен, потребен пат во смисла на модернизација на опремата, почитување на војниците, почитување на нивните претпоставени. Начинот преку кој можеме да учиме едни од други како Алијанса е многу важен, за секој да разбере дека кога станувате сојузник не се работи само за политичката посветеност, што е секако главната вест, туку предноста и можноста за вооружените сили да работат со многу други земји, да учат едни од други, да ги развиваат вештините додека вежбаат заедно и, секако, преку испраќањето на овие мисии со цел уште повеќе да го зголемат професионализмот во иднина. Вооружените сили од Северна Македонија веќе се многу почитувани и ќе бидат подготвени да работат со другите НАТО-сојузници како 30. сојузник.

 

 

 

Поврзани вести

Царовска, Жбогар и Мантованели во Демир Капија: Со вложување во туризмот го развиваме локалниот економски развој

Stefanija Kuzmanovska

Донација вредна 100.000 евра од семејството Заеви до Министерството за здравство

Влатко Зорба

Петровски: Граѓаните кои ќе влезат во државата ќе добијат наредба за самоизолација

Viktor Jovanov

Димовски: Грешка на ВМРО-ДПМНЕ е фактот што не успеавме да воспоставиме контакт со Албанците

Филипче: Носете заштитна опрема ако се сомневате дека сте болни

Берта Китинска

Пензионерите задоволни, од денеска може да се штетаат до 19 часот