МАКЕДОНИЈА

Масовна сеча на дрва во Малешевијата – Организирана група сече и по 300 кубни метри дрва на ден

Двориште е едно од најубавите села во Малешевијата. Се наоѓа на надморска височина од 940 метри, со голем атар и шумска површина од речиси 4.530 хектари, на само 20 километри од Берово. Но, зад оваа навидум недопрена убавина се крие мрачната слика на криминал за кој инволвираните се богатат со илјадници евра буквално преку ноќ, пишува „Ден“.

Во единственото село од разбиен тип во Малешевијата се случува опустошување на шумата, со масовна сеча на дврата, а која во најголема мера е нелегална и противзаконска. Изворите на „Ден“ говорат дека се работи за добро организирана група, која со години го смалува бројот на дрва во Малешевијата, а за тоа никој не презема ништо, бидејќи оној кој се обидува, наидува на опструкции.

Во шемата се вмешани еден „селски шериф“, за кој граѓаните велат дека го окупирал Двориште, неколку шумари и најверојатно високи полициски службеници кои функционираат на овој начин низ годините. Опустошувањето, како што дознава „Ден“, оди до таму да за еден до два дена се сечат и до 300 кубни метри дрва, од државно и приватни земјишта. Недалеку од селото, се носат дрвата кај подобни шумари, кои ставаат печат на најголемиот дел од дрвата, со што потоа истите се презентираат како легални. Потоа поголем дел од нив одат на продажба како легално исечени дрва.

Добар дел од дрвата пак, остануваат во селото, каде според информации на порталот, има дробилица во која може да се преработат до 100 кубни метри дрва, а потоа, се изработуваат и пелети и брикети.

Целата сторија прочитајте ја на Ден.мк

 

Поврзани вести

Започна изведбата на спортско-адреналинскиот парк во Карпош (ВИДЕО)

Влатко Зорба

„Антикоцкање“ ќе го блокира автопатот Тетово-Скопје

Татко осомничен за полов напад врз неговите три деца во Битола заработи притвор од 30 дена

Лукаревска: #МојДДВ ги покажува добрите резултати во и надвор нашата држава

Никола Поповски

Калајџиев: Законот за ЈО да се тргне од партиите и да се врати во рацете на експертите

Viktor Jovanov

Едукација на учениците за безбедно користење на интернет

user4