МАКЕДОНИЈА

Мејлови и телефонски линии за пријавување на непочитување на владините мерки и препораки во борбата против КОВИД -19

Владата на РСМ и Инспекцискиот Совет апелираат до граѓаните да ги пријавуваат затекнатите неправилности и непочитување на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од КОВИД- 19.

За поефикасно дејствување и одговор на прекршувањата инспекторатите отворија нови е-мејл адреси, а ставени се во функција и бесплатни телефонски линии.

Неправилностите и поплаките може да се пријавуваат на следните мејлови и броеви:

-Државен инспекторат за труд [email protected] 151 31

-Државен пазарен инспекторат [email protected] 191

-Државен санитарен и здравствен инспекторат [email protected] 0800 255 55

-Агенција за храна и ветеринарство [email protected] 0800 3 2222

-Државен инспекторат за транспорт [email protected]

-Агенција за лекови и медицински средства [email protected]

„Инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен. Без исклучок секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикуваме на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас“, се вели во соопштението од Владата.

Поврзани вести

Единаесет здравствени работници од кумановската болница се заразени со коронавирус

Влатко Зорба

Митревски и Шахпаска: СДСМ во Собранието донесе историски одлуки кои ги отворија перспективите

Берта Китинска

ГАЛЕРИЈА: Расправа за една изборна единица, дебатираа дел од пратениците и експертите

Александар Тодески

Недела на безбедна употреба на лекови од 25 до 29 ноември

Влатко Зорба

Анкета : 44 проценти од граѓаните имаат негативно мислење за работењето на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ

Сведоштво на Македонка која живее во Италија: Ве молам, научете од грешките, ние сме мала земја која може да заврши во голема трагедија

Берта Китинска