МАКЕДОНИЈА

МЕПСО: Забележани се дополнителни оштетувања на фасадата кои се опасност по безбедноста на луѓето

Минатонеделното невреме кое го зафати Скопје уништи дел од фасадата на МЕПСО.

Во изјава за Стандард од АД МЕПСО истакнаа дека вештачењето е во тек, и го вршат вешти лица од Градежен факултет.

-Забележани се дополнителни оштетувања на фасадата кои може да предизвикаат дополнителна опасност по безбедноста на луѓето и материјалните добра. Превземени се мерки за обезбедување на зградата. До завршување на вештачењето не би излегувале со бројки.Откако ќе завршат сите постапки ќе има насоки за следни чекори.Штетата ќе биде санирана во најбрз временски период, веднаш штом ќе завршат вештачењата, поради доказен материјал. Превземени се сите неопходни мерки за непречено функционирање на работата, изјавија од  АД МЕПСО.

За време на невремето беа откорнатите парчиња стиропор кои оштетија неколку возила, воедно и десетина клима уреди беа уништени. Налетот на ветрот за само неколку часа покажа колку небезбеден може да биде проектот „Скопје 2014“ и за животот на луѓето. Генералната директорка на АД „Мепсо“, Ева Шуклева посочи дека има делови кои во секој момент без ветер може да се урнат и истакна дека за проектот насловен „Реконструкција и адаптација на зградата“, кој имал за цел подобрување на енергетската ефикасност, минатата Влада потрошила повеќе од 10 милиони евра.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги написите во медиумите за падната фасада на зградата на АД МЕПСО, отвори предмет по допрен глас. Предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој издаде наредба до Министерството за внатрешни работи за обезбедување и вештачење на севкупната документација за проектот насловен „Реконструкција и адаптација на зградата“.

Б.М

Поврзани вести

Битолчанец повикувал на насилство на Фејсбук: „Да ги зaпалиме хотелите каде што се џаолите“

Берта Китинска

Силјановска: Факултетите наместо фабрики за знаење тие се фабрики за хартија

Viktor Jovanov

Ацевски: Државниот завод за ревизија ќе помогне околу истрагата за платите и бонусите во СЈО

Viktor Jovanov

Казни за четири лица од Гостивар кои го прекршиле полицискиот час

Клиниките се подготвуваат за прием на редовните пациенти од следната недела

Процесот на децентрализација во Белгија беше главна тема на средбата помеѓу Милевски и Флао

Maja_Serafimova