МАКЕДОНИЈА

Метелко-Згомбиќ: Сите активности ќе создадат услови за отворање на преговори со С.Македонија и Албанија

Хрватската државна секретарка за европски работи, Андреја Метелко-Згомбиќ, пред почетокот на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел денеска, изјави дека се надева дека сите преземени активности во делот на проширувањето ќе создадат услови за отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија.

Министрите за надворешни и европски прашања денеска ќе ја слушаат презентацијата на Европската Комисија за ревидираната методологија за пристапни преговори како и за реформскиот напредок на Северна Македонија и Албанија во пресрет на објавувањето на извештаите во текот на идната недела.

-Денеска нема да има говор за напредокот на Северна Македонија и Албанија, денес го правиме првиот чекор, Европската Комисија ќе не извести за предлогот на идната методологија за проширувањето и ќе не извести истовремено како течат подготовките за извештаите за напредокот и веруваме дека овие две активности заедно ќе бидат доволно голем придонес за создавање на услови за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија, изјави Метелко-Згомбиќ.

Поврзани вести

Операторите да ги почитуваат авторските права за емитување на програмите, велат од ММА

Берта Китинска

Божиновски: Заев се уште има поддршка од Албанците, но на изборите ќе гласаат за албанските партии

Viktor Jovanov

Борисов: Кога Бугарија влезе во ЕУ имаше апсолутен национален консензус што не е случај со С. Македонија и Албанија

Христина Николовска

Изборите ќе ги следат 2.709 домашни и странски набљудувачи

ФОТО: Силниот ветер турна дрво врз автомобил во Кисела Вода

Александар Тодески

Сончево и топло со температура до 35 степени

Берта Китинска