МАКЕДОНИЈА Политика

Мицкоски од Прилеп: Се сретнав со вработените од „Еурокомпозит“, по три години лаги од Заев нема решение

Денес сме овде во Прилеп, пред една недела од прилика најавивме на прес конференција дека ВМРО-ДПМНЕ започнува теренски активности во периодот кој што следува „Обновата пред вашиот дом“, но и претседателот на партијата заедно со граѓаните во определени центри.

Разговараме со граѓаните во тие центри за реалниот живот, за она што се случува. Да видиме што можеме ние како политика која што ќе биде дел од нашата предизборна програма да промовираме, да понудиме. Да видиме што можеме дополнително да додадеме во рамките на нашата програма. И мислам дека заеднички тука учиме со граѓаните, со бизнис заедницата, со други целни групи, со земјоделците. Еве бевме денес во „Еурокомпозит“ заедно со вработените во „Еурокомпозит“ разговаравме за сите оние лаги и неисполнети ветувања од страна на Владата на СДСМ.

Тука можеме да научиме и да извлечеме поука од сето тоа и во иднина сето тоа да не го повториме.

Мислам дека имаме знаење, сигурен сум дека имаме знаење, имаме план, имаме визија. Знаеме како најголемиот дел од тие проблеми да ги решиме. Нема да ветуваме чуда, нема да ветуваме нешто што не сме во можност да го испорачаме.

Ние не сме ниту СДСМ, ниту Зоран Заев. Ние сме луѓе кои што пред се сакаат честито да настапат пред граѓаните со кои што комуницираат. Имаме конзервативен пристап, односно пристап – вети она кое што, можеш да го испорачаш, а не ветувај популистички само да останеш на фотелјата, а потоа сето тоа да го заборавиш. Така што мислам дека ќе биде или да не бидам претенциозен сигурен сум дека ќе биде препознаена од граѓаните, и дека после 12-ти април ќе можеме сето тоа што сега го зборуваме и за кое се обврзуваме со договор пред граѓаните да го испорачаме.

Прашање: На што ви се пожалија денеска стопанствениците овде, каква е состојбата со „Еурокомпозит“ и прилепското стопанство?

Одговор: Па најпрвин имавме состанок со вработените во „Еурокомпозит“, таму ситуацијата е алармантна. Станува збор за долгови повеќе од 5 милиони евра кон вработените и кон доверителите. Разговаравме за сето она кое што било ветувано од страна на најпрвин поранешниот вицепремиер г. Анѓушев, од г. Заев. Помалку комични ветувања. Она кое што ние им го дадовме како одговор е дека од сето она кое што го слушнавме ќе се обидеме да извлечеме решенија кои што ќе бидат долгорочни. Кои што ќе бидат во корист на сите оние вработени кои што се сега таму повеќе од 60-тина и оние 190-тина кои што се прогласиле за технолошки вишок. И дека владата на ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април ќе понуди едно одржливо вакво решение. На состанокот со регионалната стопанска комора, со стопанствениците разговаравме и морам да признам ги слушнавме сите критики не само за оваа влада но и за сите оние изминати влади во овие 28 години независна македонска држава. Презентиравме она што ќе биде дел од нашата програма, како политики, како мерки кои што ќе бидат применувани. Делот од тие мерки се во согласност со нивните потреби, со нивните барања. Нормално тие се би рекол конзервативни од сето она што го слушав, бидејќи често пати во минатото се изнаслушале многу ветувања од страна на политичарите но за жал испораката била скромна или била многу мала. Ние тука не можеме ништо повеќе да направиме од она кое што го кажавме на состанокот, а тоа е да се обидеме да ги убедиме, а потоа по 12-ти април тоа кое што денеска го зборуваме и да го испорачаме. Свесни сме за реалноста. Свесни сме за разочарувањата во Македонија. Свесни сме дека перцепцијата за политичарите е дека еве ги овие дојдоа да лажат за да можат после да крадат. Се надевам дека како генерација млади луѓе, генерација политичари тоа што денеска го презентираме ќе биде доволно убедливо за да ја добиеме поддршката од мнозинство граѓани, а потоа после 12 април и да ја оправдаме таа поддршка која што денеска ќе ја добијам.

Прашање: Има нови продолженија на „Ла Верита“ околу случувањата со Рекет итн. Како го коментирате тоа?

Одговор: Тоа е доказ за едно срамно однесување на политичари од минатото, политичари од транзицијата кој што ги коментиравме во минатото како функционираат. Функционираат со поткуп, функционираат со закани, функционираат со уцени. Не ме чуди, јас за сето тоа сум свесен бидејќи сум бил сведок на такви изборни циклуси кои што ги воделе тие луѓе, така што немам што да коментирам едноставно се срамам што државата во која што живеам, во која што работам е претставена во такво светло во меѓународната заедница и тоа е само уште еден дополнителен показател дека не само што не одиме на вистинскиот пат, туку одиме на погрешниот пат со овие политичари, со оваа влада на СДСМ, одиме комплетно во амбис. Но, среќа граѓаните ќе имаат можност да добијат влада после 12 април која што ќе биде вистинска, граѓанска влада и влада која што ќе се грижи за интересите на граѓаните и развојот на оваа држава.

Прашање: Започна јавната расправа за јавното обвинителство денска, кој ќе бидат следните чекори?

Одговор: Па не знам да ја слушнеме јавната расправа, да видиме што ќе се зборува денска на таа јавна расправа, да извлечеме исто така едно сиже од тоа што е кажано. Ако тоа еве како експертска јавност биде преточено во законското решение во текстот на законското решение за законот за јавно обвинителство, тогаш ние како ВМРО-ДПМНЕ сето тоа ќе го поддржиме и не гледам причина зошто не би го поддржале. Но, ваков каков што е предлогот ние како ВМРО-ДПМНЕ овој старо-нов предлог ниту имаме намера, ниту пак ни паѓа на памет да го поддржиме затоа што не сакаме да поддржиме уште една амнестија и аболиција на политичари од минатото.

Прашање: Што прилепските стопанственици конкретно се жалат, што им недостасува?

Одгoвор: Генерално тоа се инфраструктура, непредвидливоста од аспект на законски решенија, даночната политика, непредвидливоста која што беше во минатото, политиката со акцизите, исто така се разбира оние каубојски однесувања на определени политички структури и во минатото но и сега, така што отприлика тоа беше онаа замерка која што ја слушнавме. Презентиравме наши решенија, отприлика антиципиравме кои се можните теми на разговор со бизнисмените овдека од Прилеп и се надевам дека успеавме да го привлечеме нивното внимание. Кога ќе ја имаме конечната верзија од програмата за време на предизборната кампања се надевам дека ќе имаме уште една можност во детали да го атомизираме сето она кое што денеска го зборувавме, се надевам дека ќе имаме уште една можност, а после 12 април сигурен сум дека тоа што денеска го зборуваме ќе биде многу многу поразлично тоа што денска е реалност.

Поврзани вести

Се дезинфицираат патничките возови од коронавирус

Вашингтон Пост ја објави веста за оставката на Заев и формирањето на техничката влада

Viktor Jovanov

Пендаровски: На јужната граница нема зголемување на бројот на мигранти

Учениците од „Илија Николовски – Луј“ и диригентот Ле Фи Фи направија ремек дело (ВИДЕО)

Берта Китинска

Чантата „Луј Витон” (не) била вратена кај Камчев

По иницијатива на ДКСК, Уставен ќе решава за привилегиите на поранешните претседатели

Влатко Зорба