МАКЕДОНИЈА

Мијалков за „Монструм“: Не се сеќавам дека сум превзел нешто за екстрадицијата на обвинетите

Во Кривичниот за случајот „Монструм“ денеска сведочат Сашо Мијалков, Блерим Беџети, Муса Џафери и Синиша Алексовски.

Како прв сведок сведочи Сашо Мијалков кој објаснува кога и како слушнал за случајот Монструм.

“За случајот Монструм слушнав малку покасно од моментот кога се случи. УБК собираше податоци и информации и оперативни сознанија. На овој случај беа ангажирани повеќе луѓе од УБК. Одкако е поднесњно обвинението беа правени и анализи кои беа од интерес на управата”, сведочеше Мијалков.

Обвинителката Фатиме Фетаи го потсети сведокот н некоја анализа за која Мијалков во телефонски разговор зборел со поранешната министерка за внатрешна Гордана Јанкуловска.

“Правени се многу анализи, но за оваа конкретно анализа не можам да се сетам”, вели Мијалков.

Тој потенцираше дека имал и контакт со Мусат Џафери.

Фетаи му посочи за разговор со Џафери на кој му вика дека не е во тек со судската постапка на случајот Монструм, но дека ќе провери за некои од сведоците.

Мијалков на ова одговори дека разговарал со Џафери но дека не се сеќава конкретно на овој разговор. Тој додаде и дека не се сеќава дека превзел некакви чекори во врска со екстрадицијата на обвинетите во случајот „Монструм“.

Во сведочењето на Сашо Мијалков, тој исто потенцира дека не може да се сети и на разговорот со Јанкуловска со која го спомнуваат Шукри Али.

УБК беше присутна во својство и улога на собирање на информации по однос на оперативни сознанија. За овој случај беа ангажирани сите ресурси на УБК и БЈБ, појасни Мијалков.

Околу прашањето дали е запознаен за тоа дека Јанкуловска имала сознание дека возилото опел омега е од Македонија и дека знаела кој е сопственик на истото, Мијалков сведочеше дека се сеќава околу потеклото на возилото.

“Од она што се сеќавам, тоа возило беше увезено швајцарија преку Косово во Македонија”, истакна Мијалков.

Обвинителката Фетаи неколку пати реагираше обвинетиот Фејзи Азири да поставува конкретни прашања до сведокот Сашо Мијалков.

По Мијалков, ќе сведочат тогашниот министер за правда Блерим Беџети и советникот на Ѓорге Иванов, разузнавачот Синиша Алексовски.

И.Р.

Поврзани вести

Стоилковски: Новите симки поврзани со „Рекет“ се само уште еден од притисоците на власта

Александар Тодески

Словенечки граѓани од Северна Македонија со конвој тргнаа назад кон Словенија

Ангеловска: Инвестиции во енергетски ефикасни училишта, болници, општински згради, згради на централна власт, инвестирање во обновливи извори на енергија кај здравствените центри

Никола Поповски

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче (видео)

Stefanija Kuzmanovska

Северна Македонија останува посветена за зачувување на статусот на Светско наследство за Охридскиот регион

user3

Пендаровски: Тероризмот со религиозен предзнак е закана за членките на НАТО

Александар Тодески