МАКЕДОНИЈА

Микиќ: Најзагрозени се лицата над 60 години, највеќе заболени се лицата од 30 до 39 години

Најголем дел од пациентите кои се потврдени со коронавирусот имаат покачена телесна температура најчесто над 38 степени, сува надразителна кашлица, потешкотии при дишење и болки во грлото. Како симтпом може да се појави и дијареа, болки во телото, и главата, информираше епидемиологот од Институтот за јавно здравје Владимир Микиќ.

Коментирајќи ја новата одлука матичните лекари преку телефон да одлучат дали одредени лица кои ќе се јават, треба да направат тест за коронавирусот, Микиќ вели дека тие доктори имаат алгоритми базирани на прашалници со прашања на кои пациентите треба да одговорат.

-Матичните лекари се обучени да препознаат одредени заразни заболувања. Подготвени се специјални упатства и алгоритми каде се следи изложеноста. Пациентите треба да одговорат петнаесетина прашања од типот дали патувале некаде и со кого имале контакт. Врз основа на таа анкета самиот алгоритам дава одговор дали пациентот треба да биде тестиран и ако да со каков приоритет, вели Микиќ.

Епидемиологот информираше дека најмногу од случаите заболени од коронавирусот се лица од 30 до 39 години.

-Тоа се млади работоспособни луѓе и тие се најголем дел луѓе кои патувале и потоа ја пренеле заразата. Се уште немаме повеќе пациенти над 60 години, што ме радува бидејќи таа група е повеќе изложена. Раната дијагностика и изолацијата допринесуваат да не се рашири заболувањето кај повозрасните лица. Очекуваме да се шири епидемијата, но со изолацијата сакаме да спречиме што помалку да се заразуваат повозрасните луѓе, вели Микиќ.

Поврзани вести

МЗ: Одржувајте два метра растојание, на овој начин спасувате животи

Синдикати: Успехот е заеднички, нема да дозволиме товарот од кризата да го понесат работниците

ФОТО: Почна средбата Вархеји-Спасовски

Фото: На ифтар без маски и растојание

Почина Драган Вучиќ, причините за смртта се уште се непознати

Утврден Предлог-законот за ратификација на договорот со НАТО, владата го праќа во Собрание

Александар Тодески