МАКЕДОНИЈА

Милошоски: После 21 ден болничко лекување, го победив коронавирусот

Членот на ВМРО-ДПМНЕ и поранеше министер Антонио Милошоски објави дека после 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид-19, повторно е дома.

„Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато. Срдечно им благодарам на лекарите од Инфективната клиника-Скопје, како и на сите медицински сестри, кои иако се многу преморени, деноноќно се борат за секој пациент. Чувајте се. Ве поздравувам со желби за добро здравје“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

После 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид19, повторно дома. Негативен по тест, но расположен по…

Gepostet von Antonio Miloshoski am Montag, 20. Juli 2020

Поврзани вести

Пациентка од Свети Николе го победи Ковид-19: 25 дена бев во болница, среќна сум што сум жива и здрава

Османи-Јан Коп: Ја потврдивме евроатлантската ориентација што беше легитимирана на изборите

Негативен на коронавирус е возачот на автобусот со кој допатуваа двете новозаболени лица

Stefanija Kuzmanovska

Полициски час во недела (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Ковачевски: Поскапувањето на струјата ќе ги осигура инвестициите во обновливи извори

Влатко Зорба

Заев од Женевa изрази надеж дека на Самитот во Загреб ќе има позитивна одлука и за Република Северна Македонија

Влатко Зорба