МАКЕДОНИЈА Политика

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ побара да го разгледа предлог-законот во кој беа најавувани мерки

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во 24 анализа посочи дека неговата пратеничка група побарала да го разгледа предлог-законот во кој беа најавувани мерки, но мерки за борба против пандемијата во тој закон за заштита од заразни болести нема.

„Ние сметаме дека ваквите предлог мерки кои се однесуваат на инспекторатите и на определувањето на санкции не се суштински за справувањето со пандемијата, но не би сакале да бидеме изговор на владејачкото мнозинство и затоа рековме дека ќе бидеме коректни доколку е потребно да има кворум, би биле присутни на собраниската седницата и би овозможиле владата да го изгласа овој закон. Вака предложените суштински мерки нема да ги зајакнат капацитетите и очекувањата на многу надлежни институции и граѓаните за борба против пандемијата.  рече Милошоски.

Тој посочи дека имале идеја која му предложиле за министерот за здравство, за специјална државна комисија која ќе биде експертска во која по автоматизам би членувале министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи и стучни медицински лица. Владата би ги предложила а собранието би ги изгласало.

 

Поврзани вести

Најмногу активни случаи во Аеродром, Центар и Карпош

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и родилките, и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Берта Китинска

Најстудено во Берово -10, најтопло во Дојран +2 степени

Никола Поповски

Електронските рецепти се достапни во сите аптека низ државата

Митрески: За македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту ќе има преговори

Никола Поповски

Обвинение: Груевски, Вељановски, Јанакиевски, Бошковски, Атанасовски и Ристовски го испланирале и финансирале упадот во Собранието на 27 април

Влатко Зорба