МАКЕДОНИЈА Политика

Минатата година до Европравда 23 предмети од Северна Македонија

Од назначување на Ленче Ристова, како обвинител за врска меѓу Република Северна Македонија и Европравда, во оваа меѓународна институција е зголемен бројот на предмети од нашата држава, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Од таму потенцираат дека денеска министерката за правда Рената Дескоска, оствари средба со претседателот на Европравда, Ладислав Хамран и обвинителот за врски на Северна Македонија во Европравда, Ленче Ристоска.

На состанокот било разговарано за соработката со Европравда и Годишниот извештај за функционарањето на канцеларијата за врски на Република Северна Македонија во Европравда за 2019 година.

Претседателот на Европравда во своето обраќање презентирал статистички податоци од ноември 2018 година – навака, кои укажуваат на зголемување на соработката откога Република Северна Македонија има свој претставник во Европравда (EUROJUST).

Иако официјално соработката на нашата држава со Европравда започнува во 2009 година, Република Северна Македонија за првпат номинираше јавен обвинител за врски во Европравда во 2018 година.

-Тоа е причината поради која бројот на новоотворени предмети во кои е вклучена Република Северна Македонија е во пораст. Така, за разлика од 2017 година, кога биле отворени само четири нови предмети, во 2018 година, бројот на новоотворени предмети е 11, додека пак во 2019 година, бројот на новоотворени предмети е 23, информираат од Министерството за правда.

Покрај зголемениот број на новоотворени предмети, минатата година ја одбележа и тоа што Република Северна Македонија за првпат ја искористи можноста преку Европравда да побара асистенција при обезбедувањето на меѓународната правна помош.

Министерката Дескоска истакна дека неодамна бил усвоен новиот Закон за Јавното обвинителство кој го зајакнува системот за борба против организиран криминал и корупција со гаранции за независност при одлучувањето и финансирањето и изрази благодарност за досегашната соработка со Европравда.

Поврзани вести

Возачот што прегази полицаец доби кривична пријава

Михаел Рот утре во „виртуелна посета“ на Скопје

Грција организира работен појадок во Брисел ЕУ – Северна Македонија и Албанија

Влатко Зорба

Средба Димитров-Аврамопулос: Северна Македонија не отстапува од европскиот курс и од реформите

Игротеки во Битола продолжуваат со роденденски забави во време на корона вирусот

Влатко Зорба

Туск: Реформа во преговарачкиот процес да, но не на штета на Западен Балкан

Александар Тодески