МАКЕДОНИЈА Политика

Министерот Шаќири го запозна чешкиот амбасадор Томан со плановите за дигитализација и реформа на јавната администрација

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка Мирослав Томан.

Средбата беше посветена на меѓусебно запознавање и претставување на можностите за идна соработка.

Министерот Шаќири го запозна амбасадорот Томан со плановите и проектите на МИОА, во однос на дигитализацијата и реформата на јавната администрација. Исто така, беа разгледани можностите за размена на искуства и добри практики меѓу двете страни и во однос на другите проекти поврзани со министерството.

Министерот Шаќири му се заблагодари за искажаната поддршка на амбасадорот Томан, кој е првиот гостин од меѓународната заедница со кого тој се сретнува, по преземањето на функцијата министер за информатичко општество пред неколку дена.

Амбасадорот на Република Чешка воедно, го покани министерот за учество на претстојната дигитална онлајн конференција ,,Prague 5G Security Conference”, која ќе биде посветена на 5Г, а ќе се одржи во Прага.

Поврзани вести

Основните и средните училишта од денеска ќе може да аплицираат за финансирање истражувачки проекти

Stefanija Kuzmanovska

Работник загина во шума во Пехчевско

Спасовски: Работодавачите ќе имаат две опции за финансиска помош

Берта Китинска

Шекеринска: Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа

Никола Поповски

Македонецот кој прв ја прими вакцината против Ковид 19 се чувствува добро

Постигнат консензус: Има договор за Собраниските комисии

Никола Поповски