МАКЕДОНИЈА Политика

Митрески: Капиталните градби продолжуваат и во вонредните услови во кои живееме

Градежната офанзива продолжува и во новата нормала. Капиталните градби продолжуваат и во вонредните услови во кои живееме. Се гради низ целата држава, низ сите региони. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика, посветено ја градиме нашата земја по европски пример, изјави на денешната прес конференција Јован Митрески од СДСМ, носител во ИЕ 5.

Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита.

На овој начин и помагаме на економијата во многу важен период.

Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта, трошоци за санирање на штетите, промашени траси, некомплетни проекти.

Но го поправивме тоа, и не запираме додека не изградиме современа држава.

Градиме 260 км автопати. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци.

Ги поврзуваме селата со градовите со патишта. Се поврзуваме со соседите преку автопатите и отворањето гранични премини.

Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори за да ја подобриме економијата, се проширува патната и граничната инфраструктура на клучните премини Ќафасан и Деве Баир. Тоа е современа инфраструктура за современа економија.

Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, градиме за секое населено место да е подобро поврзано со останатите, градиме за да обезбедиме силен локален економски развој.

11 години ВМРО-ДПМНЕ ја кочеше гасификацијата. Сега влегуваме во завршницата на реализацијата на гасоводните магистрали, и продолжуваме додека не донесеме гас во секој дом. Пониски сметки, а почист воздух.

Глетката на фотоволтаични централи е секојдневна за секој граѓанин. Го менуваме начинот на греење, фасадите и изолации на зградите на јавните институции. Поставуваме пример за енергетска ефикасност. За да си го исчистиме воздухот.

По целата земја градиме пречистителни станици, за да си ги исчистиме реките. Ги чистиме водите кои ни ги напојуваат плодните земјоделски полиња.

Инвестиравме во колекторскиот систем во Охрид, за да си го зачуваме драгоценото Охридско езеро, кое ВМРО-ДПМНЕ го доведе до работ на загрозено подрачје.

Вложуваме во градење на регионалните депонии за отпад. Да си ја исчистиме почвата од ѓубре.

Ова е сериозен, чесен и одговорен пристап. Градиме домаќински за сегашните и идни генерации.

Покажавме дека можеме и умееме.

По 15 јули ќе покажеме дека можеме уште подобро, можеме уште повеќе, рече Митрески.

 

Поврзани вести

Нухиу: На полициските униформи ќе има амблем и на албански јазик

Берта Китинска

Заев: До април ќе бидат обезбедени 40.000 компјутери за учениците

Берта Китинска

Фросина Ременски денска дава исказ за „Меѓународниот сојуз“

Ивана Рамаданова

Затвореник починал во Кумановскиот затвор

Ивана Рамаданова

Ивановски: Уставен да не потпаѓа под политички притисоци и да ја руши правната држава

Влатко Зорба

Заев: На седниците на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ в петок ќе се разговара за сите политички прашања