МАКЕДОНИЈА Политика

Мицкоски: Да се биде најнапаѓаниот политичар од страна на мафијашите само ми е дополнителн мотив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека единствена причина поради која тој е мета на секојдневни напади е тоа што тој е последниот браник во Македонија за сите оние кои се длабоко навлезени во криминал и корупција.

Јас Христијан, јас како човек сум последниот браник во оваа држава на сите оние кои се длабоко навлезени во криминал и корупција, политичари и друг тип на елити. И од сите страни сум напаѓан и понатаму ќе бидам напаѓан. Тука ги подразбирам оние мафијаши за кои што говорам од почетокот на емисијата. Оние кои што ја урнаа државата, оние кои што ја опљачкаа Еуростандард банка, оние кои што ја задолжија државата. Да се биде најнапаѓаниот политичар од страна на овие мафијаши само ми е дополнителн мотив да се борам против оваа неправда што се случува во државата. Секојдневно тоа ме мотивира и ме прави поодлучен во таа борба, никогаш нема да се повлечам додека овие мафијаши не ја добијат правдата која треба да ја добијат“, вели Мицкоски.

Тој посочи дека иако го повикал Иницијативниот одбор за реформи во ВМРО-ДПМНЕ да достават иницијатива за вонреден конгрес, сепак тие не доставиле па морал сам да поднесе иницијатива.

„И да има вонреден конгрес на партијата, јас нема да се кандидирам“, рече Мицкоски.

Поврзани вести

Стојановиќ: Отворени сме за соработка со истражните органи за бегството на Игор Спасов

Viktor Jovanov

СДСМ: Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието

Никола Поповски

ВМРО-ДПМНЕ: Не сакаме победа на парламентарни избори, по цена да се плати со човечки живот

Берта Китинска

Ова ќе биде една од најсериозните кризи кои сме ги имале, вели Спасовски

Влатко Зорба

Директорот на битолскиот затвор е позитивен на коронавирус

Филипче до медиумите: Огромна благодарност за вашиот влог во справувањето со Ковид-19