МАКЕДОНИЈА Политика

Мицкоски: Очекувам деновиве да кажат дека ќе одат на избори на 5 јули

На новинарско прашање, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ изјави дека очекува претседателот Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба за нови 14 денови.

„Тоа се прави за да кажат дека ќе одат на избори на 5 јули. Откако ќе заврши новата вонредната состојба, ќе имаат точно 22 денови за да организираат избори. Тоа го очекувам во наредните денови да се зборува“, вели Мицкоски.

Тој дополнува дека ова не е игра, дека луѓето ги губат животите и дека не сака вака да научи да живее во животот со короната.

„Нелогично е барањето на истите луѓе кои олабавуваа мерки сега да бараат вонредна состојба. Истите луѓе кои претходно ги олабавуваа мерките, вчера убедуваа дека  размислуваат за повторно воведување на мерки“, вели Мицкоски.

Тој ги повика членовите на Комисијата за заразни болести да не го слушаат Зоран Заев и да решаваат според медицинските наместо политичките потреби.

Поврзани вести

Се уште не е утврдено кога точно починале мајката и синот пронајдени мртви во стан во Велес

Влатко Зорба

МВР го демантира натписот на Нетпрес дека „Функционер на СДСМ наредил апсење на момчето со куче“

Берта Китинска

Денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Еразмус“

Влатко Зорба

Царовска и Шкријељ во Општина Сарај: Кондово ја добива првата детска градинка

Спасовски: Јазикот и јазичните права се многу важни за постигнување еднаквост

„Анима мунди“ до Шилегов: Не ги испочитувавте ветувањата дадени на граѓаните, кои ве гласаа

Влатко Зорба