МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата не прави ништо, се занимава со опозицијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно ја обвини владата за пристапот во борбата со пандемијата на Ковид-19.

Според него, за Владата на Заев, Франција и Германија кои превземаа поинтензивни мерки и протоколи за превенција од #COVID заразата прават грешка и се ретроградни, затоа што нашата Влада не превзема ништо за да спаси животи.

„Болните со хронични болести сѐ уште задолжително одат на работа, ако не ги убие короната, тука е загадениот воздух кој по 4 години Влада на Заев сѐ уште не е алпски чист како што ветуваа. Го нема ајрото.
Единствената порака на Заев е да не се крева паника во состојба кога имаме бројки кои покажуваат катастрофа. 862 новозаразени и 14 починати.
Што направи Владата? Владата не прави ништо, парада, се занимава со опозицијата, се дави во својата неспособност“, стои во објавата на Фејсбук на Мицкоски.

Поврзани вести

Мицкоски: Заев и Спасовски, прифатете ги нашите мерки, Филипче е бизнисмен, не супермен

Дел од средношколците протестираат против онлајн наставата

Никола Поповски

Првото рочиште за стечајната постапка за „Еуростандард банка“ закажано на 8 октомври

Никола Поповски

Тепачки во манастирскиот комплекс во Лешок, две лица приведени, повредени и полицајци

Китанов: После 50 години, Општина Петровец добива нов мост долг 133 метри со две коловозни ленти

АВМУ: Беса врши притисок врз Агенцијата