МАКЕДОНИЈА Политика

Мицкоски: Во Штип на следните градоначалнички избори се брани Македонија

Во Штип на следните градоначалнички избори се брани Македонија, тоа не се обични избори и затоа ги повикувам штипјани да излезат и заедно во првите редови да ја одбраниме Македонија од ова денешно секојдневие кое и се случува, секојдневие на пљачка, криминал, корупција, понижувања и омаловажувања, порача од штипско Ново Село, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Тој во изјава за медиумите рече дека очекува голема поддршка од штипјани за кандидатот што ќе го предложи партијата.

„Кандидатот кој што ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме поддршка од сите штипјани, практично од сите оние кои што денеска се незадоволни од изминативе три години раководење на актуелниот министер за транспорт и врски, а поранешен за среќа на штипјани градоначалник, тоа е господинот Бочварски… ВМРО-ДПМНЕ очекува масовна поддршка од штипјани што впрочем и ќе значи нов ветар, нова енергија која што ќе ја навести и победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори кои што ќе се случат за помалку од една година од денес“, рече Мицкоски.

Тој изјавата ја даде откако заврши денешниот протест со автомобили на ВМРО-ДПМНЕ кој започна во Скопје, каде демонстрантите се собраа пред Собранието, а потоа по новиот автопат „Гоце Делчев“ се упатија кон Штип.

Поврзани вести

Шилегов најави нов парк на кејот на Вардар во Карпош 4

Берта Китинска

Османи: Добро е што 80 проценти од сите позитивни случаи на Ковид-19 во државата ги имаме идентификувано

Центар со најмногу активни случаи, следат Карпош и Кисела Вода

Заев: Дака дал пари на претходната власт

Никола Поповски

Димковски: 12 април е клучен, ова се што го работиме досега, ќе продолжиме да го работиме и понатаму

Влатко Зорба

Филипче: За првпат воведена иновативна терапија против рак на дојка

Влатко Зорба