МАКЕДОНИЈА

Мизрахи: Прашајте ја Мила каде е новата табла, не ја прашувајте Мизрахи

Техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, зборуваше на седницата на која пратениците треба да гласаат за нејзино разрешување. Говорот, Мизрахи ги почна со хајка, која рече дека се водела против неа, а која почнала со антисемитски напади и како што рече, завршила со таблата во Министерството.

„Дозволете да им се заблагодарам на сите граѓаните на Република Македонија, на ВМРО-ДПМНЕ и на Собранието за шансата да бидам министер. Ми беше чест и задоволство. Уште невлезена во Министерството како прва Еврејка во Владата бев мета на антисемитиски напади. Конечно хајката против Еврејката Мизрахи од страна на СДСМ заврши, кулминира, со евтина театарска претстава наречена таблата во Министерството. Не ја прашувајте Мизрахи, прашајте ја Мила каде е новата табла. Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија“, рече Мизрахи во говорот пред пратениците.

Поврзани вести

Ковид-19: Аеродром, Центар и Карпош лидери по бројот на активни случаи

Влатко Зорба

Забраната за движење денеска од 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро

На 20 декември нов протестен марш во Скопје

Ивана Рамаданова

Сет економски мерки бараат матичните лекари од Спасовски и Филипче

Јанушев: Секогаш имало разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а и внатре во партиите има разлика

Д-р Пановски: Треба да се размисли да се воведе карантин за младите после 22 часот

Александар Петровски