МАКЕДОНИЈА

МНР организираше враќање на 69 македонски граѓани од Словенија и од Турција

Министерството за надворешни работи соопшти дека во соработка со МНР на Република Словенија, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово организираше враќање на 42 македонски граѓани во својата земја, со 16 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Истовремено, во текот на денешниот ден е организиран и автобуски превоз за враќање на 27 македонски граѓани од Истанбул.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон словенечките, хрватските, српските, турските и бугарските власти за непречениот транзит и солидарноста, стои во соопштението.

Поврзани вести

Филипче: Мерките мора да се почитуваат за да спасиме животи

Истрага против осум лица осомничени за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“

Никола Поповски

Билатерална средба пред средбата со парламентарните групи за Законот за ЈО

Александар Тодески

Втора редовна седница на Владата: Усвоена Предлог-програмата за развој на туризмот за 2020

Никола Поповски

Временска прогноза

ОЈО поднесе обвинение против тројцата првоосомничени во „Рекет“

user3