МАКЕДОНИЈА

МТСП ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките на Владата

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе на вчерашната седница за превенција од ширење на болеста COVID-19 (коронавирус). Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31.

-Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој се однесува. Истите ќе треба да се достават до Секторот за управување со човечки ресурси или раководителот/директорот на институцијата/компанијата во која работи, до терминот за пресметка на следната плата, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Во однос на прекинот на работата на дневните центри за згрижување на лица со попреченост, од Министерството за труд и социјална политика велат и дека ослободувањето од работни активности на родители на деца/лица со попреченост е проширено на родители на деца и млади и над 10-годишна возраст. Родителите е потребно по истиот принцип наведен погоре да достават потврда дека лицето е корисник на услугата дневен центар за лица со попреченост.

Поврзани вести

02 Иницијатива: Чии интереси бранат и кого го застапуваат во Собранието пратениците кои не гласаа за Законот за управување со отпадот

Ивана Рамаданова

Битолската гимназија „Јосип Броз Тито ќе одбележи 75 години од наставата на современ македонски јазик

Александар Петровски

Заев: Добивањето датум за преговори со ЕУ што е можно побрзо, за нас ќе направи огромна разлика

Кирацовски: Џафери наместо да бокисува, нека си ја врши својата работа

Берта Китинска

5 балкански земји заеднички ќе протестираат против загадениот воздух

Влатко Зорба

Машиновозачите и помошниците да прекинат со незаконскиот штрајк, апелираат од ЖРСМ Транспорт

Влатко Зорба