МАКЕДОНИЈА

МТСП: Препораките важат за сите подеднакво, апелираме до сите работодавачи да ги почитуваат

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите работодавачи и сите вработени строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе за превенција од ширење на болеста Ковид-19 (корона вирус).

– Укажуваме дека согласно заклучоците, физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик. Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст (или активно 4 одделение), хронично болни согласно препораките на Комисијата за заразни болести и бремени жени, да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Од МТСП апелираат сите граѓани да се придржуваат до препораките, бидејќи како што велат, само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме заедничкото здравје.

Поврзани вести

Сопругата на претседателот Пендаровски учествуваше на настанот „Таа лета со сопствени крилја“

Крастев не очекува Бугарија да го блокира почетокот на преговорите на С. Македонија со ЕУ

Зекири, неговата сопруга и нивната тримесечна ќерка се хоспитализирани на Инфективната клиника

Филипче: Заеднички со инклузивен процес, отворивме три центри за жртви од сексуално насилство

Професорите Димитриевски, Атанасов и Живковиќ и покрај поднесените кандидатури, нема да учествуваат на изборот за ректор

Еко-активистите по Советот за безбедност: Очекуваме решенија како што беше и средбата, на високо ниво

Maja_Serafimova