МАКЕДОНИЈА

МТСП: Светска банка ја препозна социјалната реформа како позитивен пример во регионот

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска оствари средба со со директорот за социјална заштита во Светска Банка, Михал Рутковски и неговиот тим при официјалната посета на Вашингтон. На средбата било разговарано за имплементација на социјалната реформа во Северна Македонија.

Од ресорното министерство соопштија дека министерката Царовска нагласила дек приоритет на Министерството за труд и социјална политика е да продолжи со спроведување на процесите коишто носат до подобри услови за живот и благосостојба на граѓаните.

Рутковски потенцираше дека Светска банка е подготвена да продолжи со силна поддршка во реформските процеси во социјалната заштита и дека Северна Македонија токму по оваа реформа е препознаена како позитивен пример во регионот.

Посетата на Вашингтон министерката Царовска ја искористи и за средба со потпретседателката за човечки капитал на Светска банка, Анет Диксон. Царовска и Диксон разговараа за потребата Северна Македонија да донесе Национална стратегија за вложување во човечкиот капитал.

На средбата било потенцирано дека државата веќе работи на подобрување на човечкиот капитал со спроведување на длабоки и тековни реформи. Овие реформи се од суштинско значење за инклузивен раст, бидејќи обезбедуваат еднакви можности за најранливите, како и вложување во раниот детски развој.

 

Поврзани вести

Сугарески: 10 милиони евра инвестираме во изградба и реконструкција на водоводи и канализации

„Данас“: Случајот со Северна Македонија може да биде обесхрабрувачки за српските граѓани

user4

Клухе: Нема место за паника, само пет отсто од заболените од коронавирус се во критична состојба

Берта Китинска

Короната ќе не научи на нови правила: Ракување, бакнување и гушкање веќе нема да биде начин на поздравување

Берта Китинска

Шахпаска: Со СДСМ, ЕУ и НАТО се реалност, со ВМРО-ДПМНЕ единствена реалност е обнова на режимот и изолација

Груби: Верувам дека имаме мнозинство од 80 пратеници за Законот за Јавно обвинителство

Александар Тодески