МАКЕДОНИЈА

МВР: 15 сообраќајки во Скопје, возач на мотоцикл тешко повреден

Возач на мотоцикл  бил тешко повреден во една од вкупно 15 сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден, информира Министерството за внатрешни работи. Од таму соопштуваат дека во шест сообраќајки со полесни повредни се здобиле седум лица, а во осум била причинета материјална штета.

Вчера сообраќајната полиција санкционирала осум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четворица почетници, како и 24 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и четворица возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач за не носење сигурносен појас, како и 28 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 97 возило непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 66 возила

Поврзани вести

Пендаровски: Ратификацијата на Протоколот за НАТО во Собранието е техничко, а не политички прашање (ФОТО)

Влатко Зорба

Спасовски: Сигурност се членството во НАТО и европските интеграции и тоа е правиот пат за сите нас

Царовска: Најавите на ВМРО-ДПМНЕ за чепкање во Преспанскиот договор ќе ја врати државата во изолација

Конзервните фабрики – голем товар за работата на Пречистителната станица во Гевгелија

Влатко Зорба

Брима Галуп: Огромно мнозинство во светот исплашено од Ковид-19, во Македонија 63 отсто стравуваат од можна инфекција

Заев: Јас подеднакво се борам и за Албанците во оваа држава, и тие тоа го препознаваат

Берта Китинска