МАКЕДОНИЈА

МВР: Медиумите да не изнесуваат невистини, жената со коронавирус вчера се вратила од Италија

Министерството за внатрешни работи излезе со демант на дезинформациите објавени од порталот Вечер дека жената кај која е утврдено присуство на коронавирус пред неколку дена била дојдена од Италија.

„МВР ја информира јавноста дека жената влегла во Република Северна Македонија вчера (26.2.2020) во 02.33 часот на Граничниот премин Табановце, а остварен е контакт и со граничните полиции на Србија и Хрватска, од каде е потврдена рутата и тајмингот на движење“, стои во демантот на МВР.

Од Министерството апелираат до медиумите да не пласираат дезинформации кои создаваат вознемиреност кај граѓаните, а ги повикуваат и новинарските здруженија да преземат соодветни активности за да се спречат ваквите злоупотреби кои како што велат од МВР, за крајна цел имаат создавање на паника меѓу граѓаните.

Поврзани вести

Сите пациенти кои починале во изминатото деноноќие имале претходни хронични заболувања

Воз удри во автомобил во Велес, неколку лица повредени

За оние кои јавно упатуваат повици за непочитување на движењето ќе бидат поднесени две кривични пријави

Влатко Зорба

Коронавирусот ја покажа хуманата страна: Граѓаните оставаат кеси со производи, се делат оброци…(ФОТО)

Берта Китинска

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита бара дополнителни 16 отсто за сите вработени

user3

Меѓусебни обвинувања за партизирање на правосудството на расправата за Советот за јавни обвинители

Stefanija Kuzmanovska