МАКЕДОНИЈА

МЗ: 41 нов случај на заразени со КОВИД-19, 29 излекувани пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 21, Битола -3 и Струмица-1.

Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на ковид-19. По градови: Скопје -17, Куманово -11, Прилеп– 5, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино -1. Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1300 , а последната дистрибуција по градови е:

* Скопје – 439
* Куманово – 353
* Дебар – 51
* Штип-34
* Прилеп –131
* Тетово – 65
* Струга – 55
* Велес – 62
* Битола –17
* Охрид –15
* Кавадарци – 5
* Гостивар –14
* Гевгелија – 4
* Струмица – 2
* Крива Паланка-5
* Радовиш – 4
* Крушево – 3
* Кочани – 28
* Пробиштип – 2
* Кичево – 3
* Неготино -3
* Демир Хисар – 1
* Македонски Брод -2
* Пехчево- 1
* Валандово -1

Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Преку ИЈЗ –437, преку Ветеринарен ф-тет -23, Авицена –20, Биотек –49, Филип Втори (Жан Митрев) –90 и Систина со PCR метода -30. Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 63 пациенти. Од нив 23 на кислородна поддршка и 5 на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализиран е 31 пациент. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти и 7 се приклучени на респираторна машина.

Во болницата во Битола се лекуваат 11 пациенти, а уште 11 се следат на домашно лекување. Во моментов во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 13.

Поврзани вести

ДИК го отфрли барањето од дополнителниот заменик-министер за финансии

(АУДИО) Камчев помогнал за долговите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се заблагодарува

Операторите ќе прекинат со реемитување на домашни и странски ТВ канали, освен на јавниот сервис

Берта Китинска

Во Скопје се одржа 15-тата „Бела ноќ“

Влатко Зорба

Ресен е единствениот град каде нема регистрирани активни случаи

Берта Китинска

Пендаровски: Да останеме сплотени, солидарни и одговорни и да се заштитиме себеси, најблиските и целата заедница