МАКЕДОНИЈА

МЗ: Само двајца патници имале македонски пасош од тие кои патувале до Турку

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157 патници, по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус, Министерството за здравство по проверка на информациите со службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција информира дека станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Северна Македонија, или транзирираат преку земјава од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.

Министерството за здравство собира информации од финските власти, за тоа кои се 24 патници позитивни на вирусот, дали станува збор за неколку семејства или се поединечни случаи, каков тип на тестови им биле направени, а Институтот за јавно здравје веќе работи на проверка дали на некои од патниците им била издадена мерка самоизолација во нашата земја. По добивање на информациите за позитивните веднаш ќе се пристапи кон утврдување на контактите кои тие лица со позитивни тестови евентуално ги имале во нашата земја.

Министерството за здравство повторно апелира задолжително да се почитуваат сите мерки за лична заштита при секое патување и секаде каде што е пропишано, зголемена дезинфекција на раце и одржување дистанца.

Поврзани вести

Пресудата за Кичеец утре напладне

Влатко Зорба

Коалиција Маргини: Управата за водење на матични книги се изживува со животите на транс луѓето

Никола Поповски

Регистриран 391 прекршок за неносење на маска

Никола Поповски

Османи: По 15 јули Северна Македонија ќе го има првиот премиер Албанец

Наскоро грански колективен договор за вработените во администрацијата

user3

Каевски: Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2019 година е со најголем буџет досега

Влатко Зорба