МАКЕДОНИЈА

МЗ со повик кон граѓаните да се вклучат во меѓународното истражување „КОВИД-19 и ментално здравје“

Mинистерството за здравство ги повикува граѓаните да се вклучат во меѓународно истражување поврзано со ковид-19 и менталното здравје.

Станува збор за истражување чиј координатор е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale“ и истото се спроведува во повеќе европски земји, меѓу кои и во нашата.

Координатор кај нас е Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје.

„Оваа студија се спроведува со цел процена на влијанието на пандемијата ковид-19, воведениот карантин врз менталното здравје кај нашето население и да се развијат соодветни здравствени интервенции. Истражувањето е доброволно, анонимно и информациите ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со постоечките закони“,

велат од Министерството за здравство.
Учеството во истражувањето е со пополнување на онлајн-анкета, а линкот до неа е ТУКА.

Поврзани вести

Битиќи: Не е точно дека стопанството е оставено на цедило, пакетот мерки треба да се гледа како целина

Марковски: Од престрогите мерки имаме многу неимунизирано население, а со олабавувањето зголемен број на позитивни

Берта Китинска

„Совет на амбасадори“: Кампањата за избори е почната предвреме

Влатко Зорба

Рамадани за влезот во НАТО: Македонија конечно рамноправна со најголемите светски сили

Viktor Jovanov

Филипче: Мора да продолжиме да внимаваме, да се заштитиме себе и нашите најблиски

Влатко Зорба

Запознајте ги Македонките кои цел живот се жени во машка професија

Берта Китинска