МАКЕДОНИЈА

На пладне запреа вонредните мерки за загадувањето

По добиената информација од МЖСПП, Град Скопје ги извести граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година.

На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175 µг/м3 и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината, велат од Градот.

„Овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани“,соопштуваат оттаму.

Поврзани вести

Мицкоски: Ќе се обврземе пред бизнис секторот сите законски решенија, да бидат донесени по исцрпна дебата

Берта Китинска

Ангеловска: Е-трговијата има голем потенцијал во земјава

Христина Николовска

„Совет на амбасадори“: Кампањата за избори е почната предвреме

Влатко Зорба

Од денеска до 15 март следната година задолжително носење зимска опрема во возилата

МВР: Идентификувани сопственикот и еден од администраторите на групата „Јавна соба“

Започна финалното асфалтирање на Пластичарска

Берта Китинска