МАКЕДОНИЈА

На владина седница ќе се разгледува Предлог-дополнета програма за субвенции во земјоделството

Владата денеска ќе ја одржи 160. седница на која ќе ја разгледа Предлог-програмата за дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година.

На предлог на Фондот за иновации и технолошки развој ќе биде разгледана информацијата со Програма за измени и дополнувања на Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година.

Министерството за здравство ќе ја презентира информацијата со акциски план за зајакнување на ургентните служби во клиничките болници, а Министерството за труд и социјална политика информацијата за ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за годинава.

Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за степенот на реализација на Акцискиот план за 2019-2020 година за реализација на Стратегијата за иновации на Република Македонија за 2012-2020 година.

Поврзани вести

ОЈО бара притвор за едно од лицата уапсени во вчерашната акција на МВР

Александар Тодески

Геловите за дезинфекција од 310 скокнаа на 1.600 денари, кој сака да заработи од високите цени?

Берта Китинска

АХВ: Граѓаните да внимаваат при купување на прехранбени производи преку интернет

Stefanija Kuzmanovska

Алексовски: По насоки на ВМРО-ДПМНЕ делував за избор на член на Судски совет

Viktor Jovanov

Винил хлоридот од ОХИС ќе се транспортира веднаш штом ќе дозволат временските услови, велат од МЖСПП

Берта Китинска

Заев: Мицкоски може знае статистика, но за економија не го бидува