МАКЕДОНИЈА

Над 15 илјади учесници во Бадниковите поворки

Над 15 илјади учесници имаше денеска во Бадниковите поворки, кои се одржаа во 40 градови и населени места низ земјава по повод Бадник, велат организаторите.

-На крајот од денешниот празничен ден кога го сумираме бројот на учесници во Бадниковите поворки низ сите 40 градови и населени места низ Македонија, каде од устите на децата радосно се пееше “Вечниот Бог”, со голема восхит можеме да констатираме дека сите очекувања се надминати. Бројот на деца-учесници денеска надмина над 15 илјади со што Македонија и дефинитивно може да се пофали дека ја има најубавата и најмасовна прослава на Бадник не само на Балканот туку и пошироко, велат од здружението Бадниковите поворки.

-Устите на најмладите весело низ сите градови ја пееја традиционалната божиќна песна „Вечниот Бог“, најавувајќи го на тој начин, највесело Христовото раѓање, додаваат од Бадникови поворки.

Пред Соборниот храм денеска пристигна и детска бадникова поворка предводена од македонските музички ѕвезди. Освен во Скопје и во 39 градови во државава денеска се организираа детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот празник Рождеството Христово – Божик.

Поврзани вести

СЈО е формиран ради Никола Груевски, а не ради Орце Камчев, вели бизнисменот

Влатко Зорба

Алексовски: Од Заев побарав да престане да ми го злоупотребува името за „Монструм“

Влатко Зорба

Д-р Јонузи, специјалист по општата хирургија се враќа да ги лекува кичевци

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” апелира до пациентите да даваат точни податоци

Директорот на БЈБ, Тасевски на средба со претседателот на полицискиот Президиум на Чешка

Наградени трудови за идејно решение за паркот во Карпош (ФОТО)

Влатко Зорба