МАКЕДОНИЈА

Наместо за Законот за ЈО, пратениците се довикуваат и си покажуваат фотографии од Боки 13

Наместо да зборуваат за Законот за Јавното обвинителство, власта и опозицијата со довиквуања од место се расправаат кој сакал, а кој не сакал избори.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски вели дека на координацијата посочил дека има закони кои треба да се изгласаат пред избори, а во корист на јавноста, по што опозицијата почна да тропа по маси.

„Не знам зошто десет дена не се закажува комисијата за труд и социјалата за платите на професорите. Можеби имате професори како Каракамишева на кои не им се битни платите, но има онакви на кои им се битни. Нашите пратеници ќе се откажат од збор за денеска побрзо да завршиме. Барам ако треба да работиме и 24 часа, само да завршиме, да се распуштиме и да одиме на избори на 12 април“, рече Митревски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски пак, рече праша кој ги спречувал да ги завршат законите предизборно. Митревски пак му возврати дека додека пред јавноста повикуваат на избори, а закажуваат седници на комисии и по 12 април.

По процедуралниот говор, Мицевски извади фотографија од првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски, со пратеникот Александар Кирацовски, велејќи дека поради тоа не сакаат избори. На секој говор, пратениците си довикуваа, по што собранискиот спикер, Талат Џафери, даде еден час пауза.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Средба во Тирана на лидерите од Западен Балкан

Никола Поповски

Ковачевски: Сржта на енергетската транзиција се обновливите извори на енергија

Берта Китинска

Манчевски: Административците ќе добиваат поголема плата во приватниот сектор

Viktor Jovanov

Временска прогноза

Берта Китинска

Димитров оствари средба со Борел и советникот на Макрон, Клеман Бон

Ивана Рамаданова

Милошоски: Скромен придонес во јавната расправа за предлог законот за Јавното обвинителство, посебно кон ставовите на адвокатот на власта Јовески (ФОТО)