МАКЕДОНИЈА

Насер Зибери: Kонцептот „прв премиер Албанец“ со убедлива победа во многу места низ државата

Кандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери пред новинарите во седиштето на партија изјави дека бележат убедлива победа во многу места низ државата.

– Резултатите, неофицијални прелиминарни се разбира, говорат за убедлива победа во речиси сите населени места од најјужните од Ресен, Битола, Струга и Дебар, завршувајќи со Лојане на север. Чекаме официјални од ДИК и тие резултати да се претворат во мандати, зошто мандатите ќе се утврдуваат на основа на степенот на гласање, истакна Зибери.

Тој рече дека не сака да шпекулира со бројките на мандатите, со оглед дека и ДИК има проблеми околу објавување на информации. Воедно не сакаше да процени колку е прифатлива понудата на ДУИ за коалицирање кај другите партии од албанскиот блок.

– Не можам да шпекулирам каков ќе биде ставот на другите политички партии, нашиот став е јасен ние сакаме да градиме едно општество за сите, а јас сметам дека сум соодветната личност за тоа за тоа општество каде секој граѓанин ќе има еднакви можности за напредок и општество во кое секој ќе се чувствува како во своја куќа. Дозволете некои ставови да ги изнесе претседателот на партијата Ахмети, јас ги изнесов овие што сметам дека се во моја надлежност. Сепак преговорите ќе ги води Ахмети, порачи Зибери.

Поврзани вести

Рудникот Иловица – Штука нема да ја загадува почвата, водата и воздухот, тврдат од Еуромакс

Пендаровски утре ќе соопшти дали ќе има нова вонредна

Хронологија на настаните поврзани со случајот наречен „Рекет“

Во Кривичен ново рочиште за „Монструм“

Влатко Зорба

Чулев: Безбедносната ситуација на јужната граница е стабилна

Влатко Зорба

МЖСПП: Вонреден инспекциски надзор на Еко Клуб ДООЕЛ Битола

Берта Китинска