МАКЕДОНИЈА

Неделков: Ако нема договор, нема можност да се помести датумот за штрајк

Напредокот во преговорите и поместување во позициите кои ги соопшти министерот за образование и наука, Арбер Адеми ги потврди и претседателот на СОНК, Јаким Неделков. Според него, времето е многу кратко, но се надева дека на една од следните средби ќе излезат со конечен договор.

„Има напредок и поместување од позициите. Преговорите денеска беа на највисоко ниво, учествуваше и премиерот на државата. Имавме конструктивни и тешки преговори каде што аргументите кои ние ги изнесовме на маса и за кои тврдиме дека имаат голема тежина се спротивставија со аргументите на министерството и владата“, рече Неделков.

Според претседателот на СОНК, нема можност за пролонгирање на штрајкот, бидејќи одлуката е донесена со мнозинство на синдикални здруженија.

„Има напредок, но до конечен договор има уште многу да се работи. За жал, времето е многу кратко. Советот на СОНК има донесено одлука за влегување во генерален штрајк на 11 ноември. Се договоривме со министерот да бидеме во секојдневна комуникација, но на почетокот на идната недела мораме да имаме уште неколку работни средби и конечно да падне договр. Има позитивни сигнали, но стоиме на ставот и не попуштаме дека од терминот на имплементација на зголемувањето на платите нема да попуштиме, дека платите мора да се зголемат на 01.01.2020 година“, рече Неделков.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Се уште нема одлука во однос на можноста за враќање на рестриктивните мерки

Стаменковска-Стојковска: МИОА стана кластер на Ковид-19 поради Манчевски

Нухиу: Коалицијата со СДСМ беше порелаксирана отколку онаа со ВМРО-ДПМНЕ

Viktor Jovanov

Словенечките медиуми детално известуваа за ратификацијата на Протоколот за НАТО

Влатко Зорба

Таткото на Тричковски кон Беџети: Точно ли е дека сте добиле шамар од Асани поради екстрадиијата на обвинетите?

Влатко Зорба

Во Скопје за една недела „пајакот“ крена 131 непрописно паркирано возило

Александар Петровски