МАКЕДОНИЈА Политика

Нема договор за датумот за изборите, следната недела ќе се одржи нова лидерска средба

На почетокот на наредната недела ќе има уште една лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, ова е договорено на денешната средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски. Договор за нов датум за парламентарни избори на оваа средба немало, соопштија дел од лидерите кои присуствуваа на средбата.

Било договорено да бидат побарани дополнителни информации за можноста за организирање избори од Комисијата за заразни болести, од Државната изборна комисија (ДИК), како и информација дали и кога во земјата ќе можат да допатуваат претставниците на ОБСЕ/ОДИХР.

На средбата присуствуваа претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на Движење Беса Билал Касами, како и претставници на ДПА. На средбата беа и премиерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието, Талат Цафери.

Поврзани вести

Чулев: Апелирам до граѓаните да го почитуваат полицискиот час

И законот со кој се амнестираа пратениците за „Крвавиот четврток“ пред уставните судии

Спасовски: Бонус плата за околу 5.000 полициски службеници и вработени во МВР

Stefanija Kuzmanovska

Спасовски: Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба за 22 дена треба да се одржат избори и тоа е фактичка состојба

Маглата ја зголеми загаденоста во Скопје (ФОТО)

Влатко Зорба

Николовски: Нашата заложба за градење на силни и независни јавни обвинителства – успева

Берта Китинска