МАКЕДОНИЈА

Нема патување со воз за викенд

Патничките возови нема да сообраќајот во тек на претстојниот викенд. Железници Транспорт го измени возниот ред за деновите од викендот, откако Владата вчера донесе одлука да го ограничи движењето на граѓаните во сабота и во недела, како дополнителна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

-Исклучок од ова ќе бидат само возовите, 661 од Кичево и 645 од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје, откако ќе преспијат во наведените градови, и кои ќе сообраќаат по возниот ред од 23.03.2020 година, соопшти денеска Железници Транспорт.

Оттаму известуваме патниците дека во понеделник (30.03.2020 година), возот 661 од Кичево нема да сообраќа, бидејки претходната вечер нема да одпатува воз поради полицискиот час.

Останатите возови, од понеделник, во текот на работните денови, ќе сообраќаат по возниот ред објавен на 23 месецов.

Поврзани вести

Средба Шекеринска-Шидер: Граѓаните пдодолжуваат со поддршка за членството во ЕУ по успехот со НАТО

Александар Тодески

„27 април“: ЦД со изјава на Мукоски меѓу доказите за организаторите

Влатко Зорба

Павле Трајанов: Не може да прифатам во ова време кога Македонија веќе де факто е членка на НАТО, за министер за внатрешни работи да се предлага офицер, генерал или полковник

Никола Поповски

Јовановиќ: Во овој момент нема клима за измена на изборниот модел

Александар Тодески

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ безусловно ќе поддржи Закон подготвен од експертите

Александар Тодески

„Џифони Македонија“ по седми пат во Скопје

user2