МАКЕДОНИЈА

Незаконскиот предлог на Мицкоски за МВР на листа за пратеници во тројката

Првиот избор за технички министер за внатрешни работи на Христијан Мицкоски, кој како неуставен беше одбиен од страна на власта, Драган Ковачки, ќе се трка за пратеничко место на опозициската листа во третата Изборна единица.

Инаку Ковачки беше најавен како натпартиски кадат на ВМРО-ДПМНЕ, но сега на листите стои како предлог на опозицијата, на единаесето место, една позиција над Јохан Тарчуловски, а три места под актуелниот координатор на пратеничката група, Никола Мицевски.

Полковникот Ковачки е еден од петмината унапредени во Армијата кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги потпиша, а ги оспори Државната комисија за спречување на корупција, бидејќи беа потпишани по распишување на претседателските избори.

Унапредувањата на Ковачки од полковник во командант на Првата механизирана пешадиска бригада, но и на Мирче Ѓорговски, Маријо Јуришиќ, Васко Ѓурчиновски и Бесник Емини беа поништени од актуелниот претседател Стево Пендаровски по одлуката на Антикорупциската комисија, откако неколку месеци ја вршеа функцијата која ја одбија со унапредувањато.

А.Т.

Поврзани вести

ВИДЕО: Натепани и избркани пратеници од сала, „спружување на насловна“ – Што остави дамка на работата на Собранието до сега

Александар Тодески

Димитров: Разговарав со Тирана, ќе ги отворат границите за сите граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: На дваесетина дена од почетокот на учебната година СДСМ уште нема стратегија како ќе се одвива наставата

Никола Поповски

По Скопје, најмногу новозаразени во Свети Николе и Штип

Видео: „Корона забава“ во Охрид, качени на столчиња без заштита младите заборавија на вирусот

Берта Китинска

СДСМ: Продолжуваат сериозни разговори за формирање одговорна Влада

Никола Поповски