МАКЕДОНИЈА

Независната осумка калкулира за Законот за Јавно обвинителство, неизвесно е дали ќе се донесе до распуштање

Нема најава дека Законот за Јавно обвинителство ќе влезе во собраниска процедура денеска или во наредните денови. Собраниски извори за „Стандард“ брифираат дека предложеното решение од Министерството за правда не е пристигнато во Палраментот, а останува неизвесно дали тоа ќе се случи пред распуштањето во среда, имајќи предвид дека за понеделник не е предвидена пленарна седница, а за во вторник е закажна седница на која пред пратениците на последниот ден од нивниот мандат ќе се обрати претседателот на Националното Собрание на Словенија, Дејан Жидан, а истиот ден три часа подоцна, ќе се ратификува Протоколот за влез во НАТО.

Изворите на „Стандард“ велат дека дво-третинското мнозинство виси поради мал број на пратеници, бидејќи немаат конкретен одговор од дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, додека пак од опозициската ВМРО-ДПМНЕ биле конкретни дека немаат намера да го гласаат Законот, бидејќи клучното нивно барање, кое се однесува на предметите кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство, не биле исполнети.

На слична линија е и дел од независната осумка, од каде оние пратеници кои не одлучиле дали ќе гласаат бараат незаконски снимените разговори да бидат индиции, а не докази во судските постапки. Од друга страна, сите останати пратенички групи потврдиле дека ќе се изјаснат позитивно на гласањето за Законот за Јавно обвинителство, кој е клучен за европската иднина на Македонија.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери пак, вели дека има време до среда до полноќ за да се изгласа Законот за Јавно обвинителство.

„И до 23:00 часот на 12-ти да биде дојден предлог усогласен има процедурална можност тој предлог да биде претворен во закон. Неспорно, но на крај на мандат пред распуштање на Собрание само да се отвори седница, а неусогласен предлог, и да се претвори во театар е тоа немам намера. Нема потреба од некаква тензична ситуација пред одење на избори“, изјави Џафери.

Власта пак, се уште гледа оптимистички дека може да се убедат и неколкуте пратеници да дадат зелено светло за Законот за Јавно обвинителство. Според информациите на „Стандард“, тие се уште преговараат со пратениците, со надеж дека до 12 февруари, односно во следните пет дена, ќе добијат дво-третинско мнозинство за законското решение.

А.Т.

Поврзани вести

Тројцата патници од Италија и Шпанија се негативни на коронавирус

Влатко Зорба

Тројца вработени во МВР се позитивни на Ковид-19

Новиот полициски час предизвика празнење на рафтовите во маркетите (фото)

Берта Китинска

Верхофстад: Орбан треба да престане да ги финансира силите кои се против Европската унија и НАТО

Берта Китинска

Смилевски: Позади нас стојат две успешни години, полни со предизвици, динамична работа и градежни активности

Христина Николовска

Заев ќе има обраќање на промоцијата на збирката сказни „Моето патување во Фантазија“